Манифест на Главниот штаб на НОВ и ПОМ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Манифестот на Главниот штаб на НОВ и ПОМ претставува прв манифест упатен до македонскиот народ во текот на НОВ, во кој се повикува народот на решителна вооружена борба против окупаторот, а воедно ги истакнува и целите на национално-ослободителната борба на македонскиот народ. Него го објави Главниот штаб на НОВ и ПОМ во октомври 1943 година од селото Црвена Вода, Караорман планина.

Манифестот е потпишан од политичкиот комесар Цветко Узуновски, од командантот Михаило Апостолски и од членовите на штабот: Методија Андонов - Ченто, Хамди Дема, Страхил Гигов, Венко Марковски, Петре Пирузе, Иван Танев, Никола Минчев, Елисие Поповски и Кузман Јосифовски - Питу.“[1]

Види исто така[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]