Француска Фландрија
| Француска Фландрија Flandre française (француски) Frans Vlaanderen (холандски) Flande franchoèse (пикардски) | ||||||
| Вид единица на Поранешна земја | ||||||
| ||||||
| ||||||
| Главен град/седиште | Лил | |||||
| Управа | Покраина | |||||
| Крал на Западна Франкија / Крал на Франција | ||||||
| - | 862–877 | Карло II | ||||
| - | 1774–1791 | Луј XVI | ||||
| Управник на Фландрија и Ено | ||||||
| - | 1694–1711 | Луј-Франсоа Буфлерски | ||||
| - | 1787–1791 | Шарл Ежен Габриел де ла Кроа | ||||
| Историја | ||||||
| - | Основана грофовијата | 862 | ||||
| - | Укината | 1791 | ||||
| Денес во | Франција | |||||
Француска Фландрија (француски: La Flandre française; холандски: Frans-Vlaanderen) или Јужна Фландрија — историска област во Горна Франција со фламанско население, чиј опфат одговара на денешните окрузите Лил, Дуе и Динкерк долж јужната граница на Белгија. Заедно со Француско Ено и Камбрези, го сочинува департманот Север.
Историја
[уреди | уреди извор]

Француска Фландрија била повеќевековен предмет на раздор помеѓу силните соседи поради богатството со јаглен и излезот на Северното Море, почнувајќи од средниот век, па сè до Втората светска војна.
Во подалечното минато, подрачјето било дел од Франкија уште од самиот почеток, веднаш по распадот на царството на Карло Велики. Владетелите од династијата Меровинзи како Хлодовик I се крунисувале во Турне, Фландрија. Со време, овие краишта постепено потпаднале под власта на Англија, а потоа и Шпанија. По Осумдесетгодишната војна, подрачјето останало во состав на Шпанските Ниски Земји согласно Минстерскиот мир од 1648 г. Со враќањето на Франција под власта на француската фианстија Бурбонци, Луј XIV го повратил и францускиот дел на Фландрија во состав на неговата држава.
Областа која денес се нарекува Фрацуска Фландрија некогаш била дел од Грофовијата Фландрија во состав на Јужните Ниски Земји. Од неа е отцепена како дел од бургундското наследство на Хабсбурговците со Пиринејскиот мировен договор од 1659 г, кој му ставил крај на француско-шпанскиот конфликт во Триесетгодишната војна (1618-1648); другите делови од областа се придодадени со последователните договори од 1668 и 1678 г. Со ова, областа ѝ припаднала на Франција, како дел од покраината Фландрија и Ено. Поголемиот дел од оваа територија го сочинува денешниот француски департман Север, додека пак некои западни делови (одвоени уште во 1237 г. како Грофовија Артоа) денес се во департманот Па де Кале.
За време на Втората светска војна, под „Француска Фландрија“ се подразбирал сиот регион Север-Па де Кале, кој најпрвин административно (под германска окупација) се водел како дел од Белгија, а потоа во состав на управната целина Белгија-Северна Франција во надлежност на рајхскомесар, за на крај да биде ставен во состав на идејната област (рајхсгау) Фландрија.
Географија
[уреди | уреди извор]Француска Фландрија се наоѓа во најсеверниот дел на Франција, во рамките на департманот Нор во регионот Горна Франција. Географски, таа е дел од поширокиот историски регион Фландрија, кој опфаќа и делови од денешна Белгија и Холандија.
Пределот е претежно рамничарски и низински, составен од плодни рамнини идеални за земјоделство, особено за култури како пченица, шеќерна репка и цикорија. Регионот опфаќа две главни области:
- Вестхук (Поморска Фландрија) ― сместена долж брегот на Северното Море, оваа област опфаќа градови како Денкерк и се одликува со песочни плажи, дини и пристаништа.
- Внатрешна Фландрија (Валонска Фландрија) ― рурална и земјоделска област со мали градови како Касел, Азебрук и Бајел, позната по своите брановидни ридови – особено околу Касел, кој се издига на еден од ретките ридови во регионот.
Регионот има умерена океанска клима, со благи лета, свежи зими и чести врнежи, под влијание на близината на Северното Море. Низ областа течат неколку реки, меѓу кои Лис и Изер, што придонесува за нејзиното земјоделско богатство.
Географијата на Француска Фландрија одиграла клучна улога во нејзината историја, економија и културен развој, претворајќи ја во раскрсница на европски влијанија.
Поголеми градови
[уреди | уреди извор]Јазик
[уреди | уреди извор]
Традиционалниот говор на населението во северна Француска Фландрија (Вестхук) е западнофламанскиот, поточно франкофламанскиот говор кој денес има 20.000 секојдневни и 40.000 повремени говорници.[1] Во другиот дел, наречен Валонска Фландрија (дел од Романска Фландрија) традиционално се говори пикардскиот јазик, поточно месните дијалекти како ш’ти или руши. Фламанскиот се изучува во многу училишта во областа, кои прават напори да го зачуваат идентитетот на населението.[2]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ http://www.uoc.edu/euromosaic/web/document/neerlandes/an/i1/i1.html
- ↑ „French Flemish: group defends a dying language“. Flanders Today. Архивирано од изворникот на 2021-01-01. Посетено на 2019-08-19.
Литература
[уреди | уреди извор]- Nouveau Petit Larousse Illustré, 1952.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Француска Фландрија на Ризницата ?- Француска Фландрија
- Западнофламански јазик — „Етнолог“
- Фламанците во Франција
|
