Франсес Мекдорманд

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Франсес Мекдорманд
Мекдорманд во 2015 година
Роден(а) Франсес Луис Мекдорманд
23 јуни 1957 (1957-06-23) (61 г.)
Чикаго, Илиноис, САД
Живеалиште Њујорк, Њујорк, САД
Занимање Глумица
Активен период 1984–сè уште
Сопружник Џоел Коен (в. 1984)
Деца 1

Франсес Луис Мекдорманд (родена на 23 јуни 1957 г.) — американска глумица.

Таа е една од малкуте глумици која ги има добиено трите најпрестижни награди за глума: Оскар за Фарго (1996), Награда Тони за бродвејската претстава Добри луѓе (2011), и Награда Еми за минисеријата Олива Китериџ (2014). Мекдорманд исто така добила Златен глобус за нејзината изведба во Три билборди пред Ебинг, Мисури (2017).[1]

Таа е во брак со режисерот Џоел Коен и глумела во многу разновидни филмови режирани од браќата Коен, вклучувајќи ги Крваво едноставно (1984), Одгледувајќи ја Аризона (1987), Фарго (1996), Човекот што не беше таму (2001), Запали по читањето (2008) и Аве, Цезар! (2016). Таа три пати била номинирана за Оскар за најдобра глумица во споредна улога, и тоа за нејзините изведби во филмовите Мисисипи во пламен (1988), Речиси славни (2000) и Северна земја (2005). Таа исто така глумела во филмовите Кратки резови (1993), Исконски страв (1996), Златни момци (2000) и Љубовта нема правила (2003) и го позајмила својот глас во анимираниот авантуристички филм Добриот диносаурус (2015).

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. ‘Three Billboards’ Star Frances McDormand Expresses Gratitude For Tectonic Shift In Entertainment Industry“, „Deadline“, 7 јануари 2018 (посет. 7 јануари 2018 г).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]