Фарго (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Фарго)
„Фарго (Fargo)“
Постер
РежисерЏоел Коен
Итан Коен
(неспомнат)
ПродуцентИтан Коен
Џоел Коен(неспомнат)
СценаристЏоел Коен
Итан Коен
Главни улогиФренсис Мек-Дорманд
Вилијам Х. Мејси
Стив Бушеми
Харв Преснел
Питер Стормар
МузикаКартер Бурвел
КинематографијаРоџер Дикинс
Премиерамарт 8 1996 (1996-03-08)
Времетраење98 минути
Јазиканглиски
Буџет7 милиони долари
Бруто заработка60.611.975 долари

Фарго (англиски: Fargo) е американски филм (мрачна комедија) од 1996 година, во режија и по сценарио на Џоел и Итан Коен. Главните улоги во филмот ги играат: Френсис Мек Дорманд, Вилијам Мејси, Стив Бушеми, Питер Стормар, и Харв Преснел.

Филмот бил номиниран за седум награди „Оскар“, од кои освоил два: за најдобро сценарио и за најдобра главна женска улога.[1] Исто така, филмот освоил и една награда на БАФТА, како и награда за најдобра режија на Канскиот филмски фестивал во 1996.[2]

Содржина[уреди | уреди извор]

Продавачот на автомобили од Минесота, Џери Ландегард (Вилијам Х. Мејси) има итна потреба од многу пари за да започне еден бинзис. Тој се обраќа до таткото на својата сопруга (Харв Преснел), но тој не сака да му ги даде парите, туку инсистира самиот тој да ја направи зделката. За да собере пари за својот потфат, Џери се договара со двајца криминалци (Стив Бушеми и Питер Стормар) да ја киднапираат неговата жена и од нејзиниот татко да бараат голема сума пари. Криминалците ја грабнуваат жена му, а нејзиниот богат татко се согласува да ги плати парите. Меѓутоа, работите не одат во согласност со неговата замисла: носејќи ја грабната жена кон нивното засолниште, криминалците убиваат полицаец и двајца други сведоци, така што полицијата започнува истрага. Истовремено, таткото на неговата сопруга сака лично да ги однесе парите и притоа еден од криминалците, Карл, го убива.
Во меѓувреме, бремената полицајка Марџ (Францес МекДорманд) упорно оди по трагата на криминалците и разговара со Џери, кој притиснат од нејзината упорност и поради страв дека ќе биде фатен, бега од продавницата за коли. Помеѓу криминалците започнува караница при што едниот од нив го убива својот соработник, а претходно ја убива и грабнатата жена. Сепак, Марџ успева да го уапси убиецот, а подоцна, полицијата го пронаоѓа и избеганиот Џери.[3][4][5]

Улоги[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Oscars.org“. Awardsdatabase.oscars.org. 2010-01-29. Посетено на 2010-02-28.
  2. „Festival de Cannes: Fargo“. festival-cannes.com. Архивирано од изворникот на 2020-10-13. Посетено на 2009-09-16.
  3. Антена, број 839, 25.7.2014, стр. 18.
  4. Антена, број 852, 24.10.2014, стр. 27.
  5. IMDb, Fargo (1996) (пристапено на 9.6.2015)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]