Филип Појдовски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Филип Појдовски
Роден 1914 година
Раштак, Скопје, Македонија
Починал 15 април, 1945 година
Срем, Србија
Почивалиште Гробиштата во Раштак

Филип Нецов Појдовски ( 1914во Раштак, Скопско15 април 1945 во Срем, Србија) — македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Произлегува од бедно семејство. Откако завршил основно образование се занимавал со земјоделство и чување на добиток. Во септември 1944 година стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада, со која учествувал во борбите против балистите и Германците на падините на Скопска Црна Гора. По ослободувањето на Скопје, ја продолжил борбата за ликвидирање на заостанатите балистички банди на Косово. Подоцна заминал во Срем. Таму завршил тримесечна воено-политичка настава. Станал командир на вод и успешно раководел со него. Бил учесник во пробивот на Сремскиот фронт и во сите борби против германско-усташките непријатели. Во една од битките, бил погоден и загинал на 15 април 1945 година. Бил пренесен и закопан во родното село Раштак.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 116. На |first= му недостасува |last= (help)