Филип Агирски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети
Филип Агирски
Свети Филип Агирски славен во Лимина, Сицилија, 11–12 и третата недела во мај
Роден(а) 1 или 5 век, Кападокија или Тракија
(денес Турција)
Почитуван(а) во Римокатоличка црква
Слава 12 мај
Заштитништво Агира
Зебуч
Специјални сили на војската на Соединетите Држави

Свети Филип Агирскиранохристијански исповедник. Постојат две напоредно приказни за овој светец кои ги наведуваат можните датуми во кои живеел овој светител. Традиционално, преку списите на Свети Атанасиј, се тврди дека Филип Агирски е светец од 1 век, роден во 40 година во Кападокија (денешна Турција) и починал на 12 мај 103 година.

Друга неодамнешна студија вели дека е роден од татко Сириец во Тракија на непознат датум во 5 век, чии постари браќа се удавиле додека ловеле риба. Филип бил познат како „апостол на Сицилијанците“, бидејќи бил првиот христијански мисионер што го посетил тој остров. Ништо друго со сигурност не може да се каже за него.

Неговиот празник е 12 мај,[1] и тој е природно, светец-заштитник на градот Агира, Сицилија и на градот Зебуч, Малта, тој е славен и во градот Лимина, Сицилија, каде што тој исто така живеел. Наводно, неговите мошти биле откриени во црквата посветена на него во Агира. Филип е еден од светците-заштитници на специјалните сили на Војската на Соединетите Држави и исто така познат по неговата моќ да извршува егзорцизам.[2][3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. (на Greek) Ὁ Ἅγιος Φίλιππος ὁ Ἱερομάρτυρας ὁ Ἀργύριος. 12 мај. ΜΕΓΑΣ ΣΥΝΑΞΑΡΙΣΤΗΣ.
  2. „CatholicSaints.Info » Blog Archive » Saint Philip of Agira“.
  3. Catholic Online – Saints & Angels – Patron Saints – U

Извори[уреди | уреди извор]