Фернандо де ла Мора е град во Парагвај. Градот се наоѓа во Централниот департман и е дел од метрополитенската област Голем Асунсион. Со своите 160.000 жители, Фернандо де ла Мора е еден од поголемите градови во Парагвај. Името на градот потекнува од политичарот Фернандо де ла Мора.
Градот е поделен на два региона: јужен и северен регион. Градот зафаќа вкупно 21 километар квадратен. Во градот се наоѓаат околу 62 зелени површини.
Градот има топла клима. Во летните периоди температурата достигнува до 40 срепени, а во зимските паѓа до 0 степени. Просечната годишна температура е 22 степени.