Од Википедија — слободната енциклопедија
Феноскандија (фински : Fennoskandia ; шведски : Fennoskandien ; норвешки : Fennoskandia ; руски : Фенноскандия ) — географски поим што дефинира дел од нордискиот регион опфатен од Скандинавија , Финска , Руската Република Карелија и Мурманската Област со целиот Колски Полуостров [ 1] како и делови од Ленинградската Област . Овој поим најчесто се користи за вклучување на Финска во во регион со Норвешка и Шведска . Поимот првпат бил употребен во 1898 година од финскиот геолог Вилхелм Ремзи,[ 2] а името потекнува од латинските зборови (Финска) и (Скандинавија).[ 3] Во тоа време, Финска била дел од Руското Царство , па затоа често била географски вклучена во Источна Европа . Помеѓу двете светски војни, ориентацијата на владата во Хелсинки била да бара дистанца и од Москва и од Стокхолм , така што земјата се самоопределила како дел од Средна Европа заедно со балтичките држави Естонија , Летонија и Литванија . По Втората светска војна и советската анексија на балтичките држави, терминот Феноскандија повторно станал популарен, бидејќи Финска тогаш сакала да се гледа како дел од Северна Европа .
Ramsay, W., 1898. Über die Geologische Entwicklung der Halbinsel Kola in der Quartärzeit. Fennia 16 (1), 151 p.