Тумор на мочниот меур

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Тумор на мочниот меур претставува заболување на мочниот меур.

Симптоми[уреди | уреди извор]

Еден од првите симптоми е крвава урина, без присуство на болка, а други симптоми може да бидат: почесто мокрење, тешкотии во мокрењето, болка во предниот дел на мочниот меур итн.

Дијагноза[уреди | уреди извор]

За рано откривање на болеста најчесто се применуваат следниве дијагностички постапки:

Најголемо значење има цитоскопијата со која се откриваат изгледот на туморот, неговата големина и положба, бројот на тумори итн.[1]

Хируршки и постхируршки третман[уреди | уреди извор]

Туморот на мочниот меур вообичаено се отстранува ендоскопски, а ако се работи за инфилтративен тумор, кој го зафатил и мускулот, тогаш се зема примерок од туморот и се носи на хистолошка верификација. Натамошниот третман зависи од резултатите од хистолошкиот наод. Ако станува збор за површински тумор на мочниот меур, може да се пристапи кон дополнителна интравезикална имунотерапија. Ако туморот е инфилтративен, тогаш се пристапува кон една од најсложените уролошки операции - целосно отстранување на мочниот меур (радикална цистектомија), при што, се прави отвор на предниот абдоминален ѕид преку кој се насочува исфрлањето на урината или пак се оформува нов мочен меур од одредени делови на тенкото црево. Ако се зафатени и лимфните жлезди се пристапува кон дополнителна хемотерапија, т.е. болниот се третира со цитостатици.[2]

Прогноза[уреди | уреди извор]

Кај инвазивните карциноми на мочниот меур, стапката на петгодишното преживување изнесува 66%, а стапката на десегодишното преживување се движи од 43% до 60%. Доколку туморот метастазирал и ги зафатил лимфните жлезди, стапката на десегодишното преживување се намалува на 20-27%.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Даниел Петровски, “Тумор на мочниот меур”, ТЕА Модерна, број 689, година XIV, среда, 18 декември 2013, стр. 82.
  2. Даниел Петровски, “Тумор на мочниот меур”, ТЕА Модерна, број 689, година XIV, среда, 18 декември 2013, стр. 82.
  3. Даниел Петровски, “Тумор на мочниот меур”, ТЕА Модерна, број 689, година XIV, среда, 18 декември 2013, стр. 82.