Томе Пуре

Од Википедија — слободната енциклопедија
Томе Пуре
Роден Крушево, Македонија
Починал јуни, 1944 година

Томе Пуре (Пуриќ) (? Крушево1944 во ?) — македонски партизан, фудбалер, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Рано останал без татко и во својата четиринаесетата година се населил во Скопје, како печалбар. Рано станал активист во УРСовите синдикати. Поради тоа полицијата постојано го следела. Во слободното време одржувал секојдневни средби, со работниците во Пиварницата, каде и самиот работел. Но, откако опасноста да биде затворен се зголемила, ја напуштил Пиварницата и заминал на работа во рудникот „Радуша“. Томе припаќал на генерацијата партизани-фудбалери кои настапуале за ФК Работнички и често оружјето го менувале со фубалските натпревари.[2] Во 27 мартовските демонстрации 1941 година, бил во првите редови. Наспроти шестоаприлските настани, самоиницијативно започнал да организира собирање на оружје. Со доаѓањето на бугарските фашистички окупатори, КУД „Абрашевиќ“, бил преименуван во „Македонија“. Таму одново ја развивал активноста. Работел во организирањето на народната помош и сесрдно се залагал во подготовките за оружено востание против окупаторот. Учествувал во создавањето на партизанските бази во селата Бутел, Љубанци, Крушопек, Нерези и др. Есента 1942 година, кога еден провокатор бил уфрлен во партиската организација, тој преминал во илегалност. Потоа бил префрлен во Урошевац, со помош на партиската организација, која подоцна му овозможила да се префрли во Тетово. Таму стапил во Тетовскиот партизански одред. Во март 1943 година учествувал во ослободувањето на Кичево.

Во јуни 1944 година, загинал во една битка против бугарските фашистички војски, како комесар на првата чета.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 116. На |first= му недостасува |last= (help)
  2. „ФК Работнички » Историја“.