Тихомир Шаревски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Тихомир Шаревски
15 април 1921 - 2 февруари 2004
Роден во:Леуново, Мавровско
Починал во:Скопје
Служба во:Македонија Македонија
Југославија Југославија
Период на служба:1941-1981
Командува/л со:Прва македонска ударна бригада


Тихомир Шаревски — македонски партизан, деец на НОВ.

Животопис[уреди | уреди извор]

Тихомир Шаревски е роден на 15 април 1921 година во село Леуново, Мавровско. Својот активизам и дело го започнува во 1941 година кога се приклучува на месен комитет на СКЈ. По одреден период се истакнува и станува заменик-командир, потоа и командир на чета. Во 1944 година со формирањето на Прва македонска ударна бригада станува нејзин командант. По Втората светска војна достига чин генерал-полковник во СКЈ. Своето пензионирање го дочекува во 1981 година. Умира на 2 февруари 2004 година во Скопје.[1].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Македонска енциклопедија, том II. Скопје, Македонска академија на науките и уметностите, 2009, с. 1647.