Теро Питкемеки

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Теро Питкемеки
Tero Pitkämäki 2014.JPG
Теро Питкемеки во 2014
Лични податоци
Роден(а) 19 декември 1982 (1982-12-19) (воз. 34 г.)
Илмајоки, Финска
Висина &100000000000001950000001,95 м
Тежина 92 kg (203 lb)
Спорт
Земја  Финска
Спорт Атлетика
Дисциплини Фрлање копје
Успеси и титули
Лични рекорди 91.53 метри (2005)

Теро Кристијан Питкемеки (роден на 19 декември 1982 г.) е фински атлетичар кој се натпреварува во дисциплината фрлање копје. Тој го освоил златниот медал на Светското првенство 2007 во Осака. Негов најдобар резултат во кариерата се префрлените 91.53 метри во 2005 година.[1]

Кариера[уреди | уреди извор]

Питкемеки бил осмопласиран на Летните олимписки игри 2004 со резултат од 83.01 метри. Во јуни 2005, тој префрлил 91.53 метри и бил еден од главните фаворите на престојното Светско првенство кое се одржувало во неговата држава. Сепак, тој не успеал да се искачи на подиумот, завршувајќи на 4. место со резултат од 81.27 метри. Првиот медал во кариерата, и тоа сребрен, финецот го освоил на Европското првенство 2006 каде забележал резултат од 86.44 метри, и зад себе го оставил светскиот рекордер Јан Железни кој го освоил бронзениот медал.[2]

На 13 јули 2007, на митингот од златната лига во Рим на стадионот Олимпико, Питкемеки своето копје го фрлил премногу лево пришто го погодил францускиот натпреварувач во скок во далечина Салим Сдири во грбот. Сдири веднаш бил префрлен во локалната болница во Рим и завршил без животно-загрозувачки повреди.[3]

На 5 август, Питкемеки четврти пат последователно станал фински шампион со префрлени 89.43 метри. На Светското првенство 2007 во Осака, тој го обезбедил златниот медал со префрлените 89.16 метри. Во последниот обид, тој го подобрил резултатот на 90.33 метри. Поради одличните резултати во сезоната, еден месец подоцна Питкемеки го добил признанието Европски атлетичар на годината од страна на Европската атлетска асоцијација.[4] Во декември, Питкемеки бил избран за фински спортист на годината од страна на членовите на асоцијацијата на спортски новинари, победувајќи ги трикратниот победник во скијачко трчање Вирпи Сарасвуо и Формула 1 шампионот Кими Раиконен.[5]

На Летните олимписки игри 2008, Питкемеки го освоил бронзениот медал откако во последниот обид забележал резултат од 86.16 метри. Финецот потфрлил на следното Светско првенство, во Берлин, завршувајќи на петтото место со резултат од 81.90 метри, со што не успеал да го одбрани златниот медал од пред две години. На Европското првенство 2010, Питкемеки успеал да се искачи на подиумот, освојувајќи го бронзениот медал.

Питкемеки завршил на петтото место на Летните олимписки игри 2012 со резултат од 82.80 метри. Една недела по игрите во Лондон, тој го забележал својот најдобар резултат во сезоната, префрлувајќи 86.98 метри на митингот од дијамандската лига во Стокхолм.

На Светското првенство 2013, Питкемеки успеал да го освои сребрениот медал со префрлени 87.07 метри, само 10 центиметри помалку од првопласираниот Витјезслав Весели. Две години подоцна, на Светското првенство 2015 во Пекинг, тој го освоил бронзениот медал, завршувајќи зад Џулијус Јего и Ихаб Ел-Сајед.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Награди
Претходник
Португалија Франсис Обиквелу
Најдобар европски атлетичар во годината
2007
Наследник
Норвешка Андреас Торкилдсен