Татјана Шчепкина-Куперник

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Татјана Шчепкина-Куперник
Schepkina-Kupernik by Repin.jpg
Роден 24 јануари 1874(1874-01-24)
Москва, Руска Империја
Починал 27 јули 1952(1952-07-27) (возр. 78)
Москва, СССР
Занимање писателка, драматург и поет

Татјана Шчепкина-Куперник (Москва, 24 јануари 1874Москва, 27 јули 1952) била позната писателка, драматург и поет.

Животопис[уреди | уреди извор]

Родена е во киевско семејство на адвокат од семејството на Лав Куперник. Нејзиниот дедо бил познатиот глумец Михаил Шчепкин. Во 1892 година во московскиот Mал театар е изведена нејзината претстава Летна слика. Во периодот од 18921893 година играла во Коршч театар. Таа има напишано голем број на прозни и поетски книги од 1895 — 1915 година.

Таа била автор на неколку добро познати руски преводи на претставите на Едмон Ростан и Морис Метерлинк. Нејзини преводи се:  Алиса во земјата на чудата , дела на Вилијам Шекспир, Молиер , и Луис Керол. Вкупно превела околу 60 претстав на руски јазик, најмногу за време на Руската револуција.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Татјана Шчепкина-Куперник на мрежната страница biblio.вики