Тагларска Пештера

Координати: 39°36′17″N 46°57′53″E / 39.60472° СГШ; 46.96472° ИГД / 39.60472; 46.96472
Од Википедија — слободната енциклопедија
Тагларска Пештера
Tağlar mağarası
Մեծ Թաղերի Քարայր
Mets Tagheri Karayr
Кремени алатки пронајдени во пештерата
МестоБојук Таглар, Азербејџан
Координати39°36′17″N 46°57′53″E / 39.60472° СГШ; 46.96472° ИГД / 39.60472; 46.96472
Историја
РаздобјеКамено, бронзено, бакарно време
Белешки за наоѓалиштето
Ископување1963
АрхеолозиМ. М. Хусеинов

Тагларска Пештера (азерски: Tağlar mağarası; ерменски: Մեծ Թաղերի Քարայր) — археолошко наоѓалиште што било населено со праисториски луѓе од мустериенска култура за време на палеолитот.[1]> Пештерата се наоѓа во Азербејџан, во спорното подрачје Нагорно-Карабах, во јужниот дел на селото Бојук Таглар (Мец Тагер), на левиот брег на реката Гуручај.[2][3]

Древни луѓе живееле овде пред 64-24 илјади години.[4]

Историја[уреди | уреди извор]

Пештерата е откриена за време на палеолитската археолошка експедиција на Академијата на науките на Азербејџан под водство на М. Хусеинов во 1960 година. Ископувањата во Тагларската Пештера можат да се поделат во две фази:[4]

1963-1967, 1973 Обемни истражувања, како резултат на што пронајдени се некои археолошки слоеви на длабочина од 9 метри.
1972-1982, 1986 Посложени истражувања

Вахид Хаџиев и Мамадали Хусеинов ги дале првите податоци за стратиграфијата на пештерата како происход на ископувањата од 1963 до 1964 година. Р. Султанова објавила напис за геолошките особености на пештерата во 1973 година.[4]

Било извршено чистење на постојните делови за проучување на стратиграфијата и литологијата на седиментите и појавата на културни остатоци од 1976 до 1982 година.[4]

Остатоците од животински коски пронајдени уште во првата година од ископувањата во пештерата биле внимателно подредени во 1977-78 година.[4]

Во рамките на меѓународната програма INTAS-2000, европските научници, вклучително и професорот Анри де Лимле, спровеле научни истражувања на археолошки, палеонтолошки и палеоантрополошки наоди од Тагларската и други палеолитски пештери во Азербејџан во септември-октомври 2002 година.[5]

Материјалните и културните артефакти пронајдени во Тагларската Пештера биле изложени во 1981 година во Музејот на човекот (Musée de l'Homme) во Париз.[5]

Наоди[уреди | уреди извор]

Почнувајќи од 1963 година, биле извршени археолошки ископувања во пештерата и биле откриени повеќе од 7.000 камени алатки и над 2.000 фосилизирани коски од фауната и биле идентификувани шест културни слоја седименти на местоположбата. Грнчарски парчиња од средниот век, бронзеното и бакарната доба биле пронајдени веднаш под горниот слој.[6] Помеѓу 2. и 6. слој биле пронајдени показатели на мустериенската култура. Во инвентарот на пештерата се откриени и бројни работни парчиња алат, црвена, црна, кафеава, сива, бела и други бои.[1]

Во петтиот слој биле пронајдени остатоци од големи цицачи како коњ, елен, бик. Од 5-тиот слој, остатоците од коските на малите цицачи (Rodentia) биле исто така ослободени во 1977 година од М. Б. Сулејманов. Оваа збирка била истражувана од А. К. Маркова во 1980-тите и во 2009 година. Збирката опфаќа делови од долната и горната вилица на глодачи со катници и секачи, како и поединечни примероци од секачи и катници. Тие остатоци од коски припаѓаат на шест вида: Microtus (Microtus) obscurus, Ellobius lutescens, Cricetulus migratorius, Arvicola terrestris, Meriones libycus и Allactaga williamsi. Врз основа на еколошките особеностите на животинските остатоци во пештерата, се претпоставува дека околу Тагларската Пештера преовладувале сушни степски и полупустински предели во времето кога таму живееле древни луѓе. Откриени се и делови од некои видови глодачи за кои не се верува дека живееле во оваа пештера.[4]

Класификација[уреди | уреди извор]

Само најголемата шуплина во пештерата со површина од 120 квадратни метри му припаѓа на плеистоценот. Другите делови се поврзани со мустериенското раздобје.[4]

Првиот слој му припаѓа на доцниот холоцен, додека останатите припаѓаат на доцниот плеистоцен.[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Павел Иосифович Борисковский. (1979). Древнейшее прошлое человечества. Saint Petersburg: Наука. стр. 131.Павел Иосифович Борисковский. (1979). Древнейшее прошлое человечества. Saint Petersburg: Наука. p. 131.
  2. „Таглар на советской карте“.
  3. „Tağlar mağarası“.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 4,6 4,7 Anastasia, Markova (2012). „The rodent fauna from Middle Paleolithic cave site Taglar (Transcaucasus, Azerbaidjan): paleoecology, palaeoenvironments“. Academia.edu. 2: 115–120.Anastasia, Markova (2012). "The rodent fauna from Middle Paleolithic cave site Taglar (Transcaucasus, Azerbaidjan): paleoecology, palaeoenvironments". Academia.edu. 2: 115–120.
  5. 5,0 5,1 AZƏRBAYCAN ARXEOLOGİYASI DAŞ DÖVRÜ (PDF). Bakı: ŞƏRQ-QƏRB. 2008. Архивирано од изворникот (PDF) на 2020-01-10. Посетено на 2024-04-15.AZƏRBAYCAN ARXEOLOGİYASI DAŞ DÖVRÜ Архивирано на 10 јануари 2020 г. (PDF). Bakı: ŞƏRQ-QƏRB. 2008.
  6. „Первобытнообщинный строй на территории Азербайджана“. azerbembassy.org.