С’единение (град)

Координати: 42°16′28″N 24°32′47″E / 42.274582° СГШ; 24.546508° ИГД / 42.274582; 24.546508
Од Википедија — слободната енциклопедија
С’единение
Съединение
град
Споменикот на Соединението
Споменикот на Соединението
С’единение is located in Бугарија
С’единение
С’единение
Местоположба на С’единение во Бугарија
Координати: 42°16′28″N 24°32′47″E / 42.274582° СГШ; 24.546508° ИГД / 42.274582; 24.546508
ЗемјаБугарија
ОбластПловдив
ОпштинаС’единение
Управа
 • ГрадоначалникГеорги Руменов (БЗНС)
Површина
 • Вкупна100,2 км2 (38,7 ми2)
Надм. вис.&10000000000000280000000280 м
Население (2022)
 • Вкупно5,621
 • Густина56/км2 (150/ми2)
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
поштенски код4190
Повик. бр.+359 0318
Мреж. местоsaedinenie.bg

С’единение (бугарски: Съединение) — град во Јужна Бугарија, административен центар на општината С’единение во Пловдивската Област. Има население од околу 5.621 жители (2022).[1]

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Градот се наоѓа во Горнотракиската Низина, 27 километри северозападно од регионалниот центар Пловдив и 135 км од главниот град Софија.

Историја[уреди | уреди извор]

Населбата е основана околу 1680 година на местото на постара бугарска населба уништена за време нао османлиското освојуване. Доминантен вид дрво бил брестот, затоа Турците го нарекувале селото Куру ќој — „шумско село“ или поточно Караагач куру ќој „шумско село од брестови“.

Според историските податоци, областа била поволна за одгледување коњи. Овде имало голем чифлик за одгледување коњи за османлиската војска. Со текот на времето, многу од селаните кои работеле на имотот се населиле во неговата област. Така стана најголемата населба во околината и таа била наречена село Гољамо Конаре за да се разликува од останатите пет истоимени села во Филибелиската каза.[2]

По руско-турската војна од 1878 година, Гољамо Конаре бил вклучен во Источна Румелија. На 5 септември 1885 година на централниот плоштад во Гољамо Конаре било објавено обединувањето на Источна Румелија со Кнежеството Бугарија. Од градот тргнала Гољамоконарската чета на Чардафон Велики, која на 5 срешту 6 септември 1885 година влегла во Пловдив. Учествувала во апсењето на главниот гувернер на Источна Румелија Гаврил Крстевич и во прогласувањето на Соединението.

При избувнувањето на Балканската војна во 1912 година, 1 жител на Гољамо Конаре доброволно се пријавил во Македонско-одринското ополчение.[3]

Со Указ бр.828 од септември 1969 година на Президиумот на Народното собрание на Народна Република Бугарија, селото Гољамо Конаре се преименува во С’единение и добило статус на град, а датумот 5 септември бил прогласен за празник на општината.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г.
  2. Община Съединение - история, www.saedinenie.bg
  3. Македоно-одринското опълчение 1912 - 1913 г.: Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“. София, Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9, 2006. ISBN 954-9800-52-0. с. 838.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]