Старица и други раскази

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Старица и други раскази е збирка раскази на рускиот писател Данил Хармс, објавена во 2008 година, во издание на „Темплум“, како 74 книга во рамките на едицијата „Магма“. Преводот од руски јазик е дело на Ѓорѓи Крстевски.

Технички карактеристики[уреди | уреди извор]

Збирката е печатена во мал формат (18 сантиметри), во мек повез и има 117 страници. Книгата е каталогизирана во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 978-9989-189-51-7. Графичкото уредување и дизајн е дело на Бранко Прља. На задната корица е даден кус осврт врз авторот и книгата, како и попис на дел од објавените книги во едицијата „Магма“.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Во збирката „Старица и други раскази“ е вклучен расказот „Старица“ од 1939 година, пет раскази („Касиерка“, „Басна“, „Пет џумки“, „Случај на улица“ и „Победата на Мишин“), 60 литературни анегдоти и 11 писма. На крајот од книгата е дадена куса биографија на авторот.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Данил Хармс, Старица и други раскази, Темплум, Скопје, 2008.
  2. Данил Хармс, Старица и други раскази, Темплум, Скопје, 2008.

Книги од 2008 година