Прејди на содржината

Срѓан Вујаклија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Срѓан Вујаклија (роден на 21 март 1988) е српски професионален фудбалер кој настапува на позицијата напаѓач. Моментално настапува за финската лига Јконен поточно во клубот на РоПС.

Клупска кариера

[уреди | уреди извор]

Нови Сад 1921 година

[уреди | уреди извор]

Вујаклија е роден во Нови Сад. Тој ја започнал својата кариера во ниско рангиран клуб локален клуб на ФК Ветерник, а подоцна се преселил во Втората лига на Србија и Црна Гора и му се приклучил на составот на РФК Нови Сад 1921, каде што ги поминал наредните 4 години.

Првата сезона во клубот одиграл 19 натпревари и постигнал 2 гола, по што екипата на Нови Сад испаднала во српската лига на Војводина, но по една мината сезона во клубот во пониската лига се вратил во втората лига. Срѓан Вујаклија во успехот на клубот придонел со 6 гола на вкупно 30 натпревари.

За сезоната 2007–08, Вујаклија постигнал 5 гола на 22 натпревари во српската прва лига. Двапати бил прогласен за играч на натпреварот, во текот на сезоната исто како и претходните две сезони. Подоцна, во наредната сезона и половина, Вујаклија одиграл само 24 натпревари, без да постигне гол.

Спартак Суботица

[уреди | уреди извор]

Наредната сезона, поточно во пролетниот дел Вујаклија му се приклучил на тимот на ФК Спартак Суботица. Тоа била сезоната 2009–10.[1] За првите 6 месеци минати во српската Суперлига, тој одиграл 10 натпревари, со само 1 натпревар како стартер и без постинати голови.

Во првата половина од сезоната 2010–11, Срѓан Вујаклија одиграл само 1 натпревар, кога бил и заменет од клупата за резервни играчи, но во пролетната полусезона тој ја добил можноста да биде прв избор на својата позиција. Во тој период постигнал 3 гола на вкупно 14 натпревари.

Хајдук Кула

[уреди | уреди извор]

По периодот минат во екипата на Спартак Суботица, Вујаклија останал во Суперлигата, но овој пат потпишал ФК Хајдук од Кула. Тоа била сезоната 2011–12.

Играјќи за екипата на Хајдук од Кула настапил на 7 лигашки и 1 куп натпревар и притоа постигнал 1 гол.[2]

Како позајмен играч во екипата на Банат од Зрењанин

[уреди | уреди извор]

Како член на екипата на Хајдук од Кула, Вујаклија бил позајмен на српскиот прволигаш ФК Банат од Зрењанин.[3] Иако настапил само на првите три натпревари, тој постигнал 1 гол за составот на Банат во поразот од 5:3 од екипата на ФК Колубара.[4]

Претходно, во првата полусезона Срѓан Вујаклија со тимот на Хајдук од Кула загубил и еден куп натпревар од составот на Колубара.

Пролетер Нови Сад

[уреди | уреди извор]

Вукајлија на почетокот на 2013 година му се приклучил на тимот на ФК Пролетер од Нови Сад. Претходно во 2012 година настапувал за екипат на Ал Шабаб Ал Араби од Дубаи во Обидинетите Арапски Емирати.

Своите први натпревари со екипата на Пролетер од Нови Сад ги започнал како резервна опција на соиграчот Дарко Дриниќ, но подоцна тренерот Ненад Лалатовиќ ги искористил како опција и двата играчи внесувајќи ги во игра во исто време. Вујаклија постигнал 8 голови до крајот на сезоната 2012–13.

Наредната сезона станал прв избор за новиот тренер Зоран Мариќ, откако соиграчот Дриниќ го напуштил клубот. Тој постигнал 12 голови во сезоната 2013–14, но најмногу во првата полусезона како резултат на соработката со соиграчот Мирко Иваниќ.

Во летото 2014 година, Вујаклија бил на пробен период во екипата на ФК Војводина.[5] Таму пристигнал со епитетот како најдобар стрелец на составот на Пролетер од Нови Сад,[6] Но, сепак останал во екипата на Пролетер уште една сезона. Вујаклија, во сезоната 2014/15 одиграл 25 натпревари во Првата лига и постигнал вкупно 6 гола.

Вујаклија за времето поминато со тимот од Слана Бара (Солена бара) одиграл и 3 куп натпревари.

Борац Чачак

[уреди | уреди извор]

Срѓан Вујаклија му се приклучил на составот на ФК Борац Чачак во летото 2015 година, заедно со поранешниот тренер на екипата на Пролетер од Нови Сад, Ненад Лалатовиќ и заедно со поранешните соиграчи Душан Миќиќ и Александар Танасин.[7]

Тренерот Лалатовиќ му дал шанса на Вујаклија како прв избор во нападот. Тој го постигнал својот прв гол за екипата на Борац на вториот натпревар од Суперлигата, против составот на ФК Вождовац. Тој натпревар се одиграл на стадионот Вождовац.[8] Подоцна, Вујаклија бил стрелец во натпреварите против екипите на ФК Младост од Лучани, ФК Нови Пазар, Војводина, ФК Металац од Горњи Милановац и ОФК Белград. Во тој период составот на Борац од Чачак ја потврдил втората позиција на табелата во Суперлигата 2015–16.[9]

На наредниот натпревар, против екипата на Црвена ѕвезда од Белград, Вујаклија постигнал 2 гола, а постигнувањето на голот го демонстрирал со необично славење со имитација на свирење виолина.[10] Миодраг Божовиќ пред куп-натпреварот против екипата на Црвена ѕвезда во шега рекол дека неговиот тим ќе му одговори на Вујаклија со играње на контрабас.[11] Екипата на Борац го добила тој натпревар со резултат од 5:1, а Вујаклија успеал да реализира 2 асистенции и да постигне еден гол, по што ја повторил истата прослава при постигнувањето на голот.[12] Во меѓувреме од два куп натпревари, Вујаклија постигнал и 2 гола, едниот против екипата на Вождовац, а другиот против составот на ФК Радник од Сурдулица.

Во натпреварот против составот на ФК Јавор од Ивањица, одигран на 6 декември 2015 година, Вујаклија го постигнал својот 11-ти гол во Суперлигата 2015–16 и се изедначил со фудбалерот Александар Катаи на првото место на листата на стрелци.[13]

За време на зимската пауза надвор од сезоната, медиумите циркулирале стории за неговото евентуално заминување од клубот[14] и било објавено дека потпишал со казахстанскиот премиерлигаш ФК Ордабаши,[15] но тој сепак останал во Борац и постигнал уште еден гол во првиот натпревар од пролетниот дел од сезоната против составот на ФК Јагодина.[16]

Срѓан бил стрелец и во четвртфиналниот куп натпревар против клубот на ОФК Белград.[17] Вујаклија за 2015 година бил прогласен за најдобар спортист на Моравичкиот округ.[18]

Црвена ѕвезда Белград

[уреди | уреди извор]

Срѓан Вујаклија во летото 2016 година потпишал преддоговор со екипата на Црвена ѕвезда од Белград, во траење од шест месеци, односно до крајот на договорот во составот на Борац Чачак, поради важечките прописи.[19] Во зимската пауза од сезоната 2016–17, на 10 јануари 2017 година тој официјално му се приклучил на новиот клуб,[20] потпишувајќи двегодишен договор со клубот на Црвена ѕвезда од Белград.[21]

Својот прв официјален натпревар за клубот го имал во 25 коло од сезоната 2016–17 во српската Суперлига на 8 март 2017 година против екипата на Војводина.[22] Во првиот натпревар што го започнал на теренот на 1 април 2017 година, Вујаклија постигнал 2 гола во победата од 2:1 против екипата на Спартак од Суботица.[23]

Откако бил номиниран за играч на натпреварот, Вујаклија бил избран и за играч на седмицата во српската Суперлига.[24]

На 7 јули 2017 година, тој го раскинал договорот со екипата на Црвена ѕвезда од Белград и го напуштил клубот како слободен агент (играч).[25]

Ордабаши

[уреди | уреди извор]

На 8 јули 2017 година, Вујаклија потпишал со казахстанскиот прволигаш Ордабаши.[26] Тој наредниот ден постигнал гол на својот прв натпревар за новиот клуб во победата од 1:0 над составот на ФК Шахтер Караганди.[27]

На крајот на месец септември истата година, Вујаклија постигнал голови во два последователни натпревари, едниот против екипата на ФК Иртиш од Павлодар и другиот против составот на ФК Акжајик.

На 27 февруари 2018 година било објавено дека Вујаклија ќе замине во К Лига 2, односно во клубот на Гвангжу ФК како слободен играч.[28][29] Тој во август 2018 година го напуштил Гвангжу по само 6 месеци минати во клубот.

Враќање во Пролетер Нови Сад

[уреди | уреди извор]

Во месец август 2018 година, Вујаклија повторно му се приклучил на тимот на Пролетер од Нови Сад и тоа на слободен трансфер. Тој го напуштил клубот на Пролетер по завршувањето на сезоната 2019-2020 во српската Суперлига.

Борац Бања Лука

[уреди | уреди извор]

На 11 јули 2019 година, Вујаклија потпишал едногодишен договор со клубот од Премиер лигата на Босна и Херцеговина, ФК Борац Бања Лука.[30] Својот прв официјален натпревар за екипата на Борац го имал на 20 јули 2019 година, во нерешениот натпревар од 0:0 на гостински терен во лигата против составот на ФК Железничар Сараево.[31] Својот прв официјален гол за екипата на Борац го имал на 14 септември 2019 година, во поразот од 3:1 на гостински терен во лигашки натпревар против екипата на ФК Слобода од Тузла.[32] Вујаклија го напуштил клубот во месец јуни 2020 година.[33]

Статистика во кариерата

[уреди | уреди извор]

Клупска статистика

[уреди | уреди извор]
Обновено на крајот од одигран ннатпревар на 23 февруари 2020.[34]
Одиграни натпревари и постигнати голови по клуб, сезона и натпревари
Клуб Сезона Лигашки натпревар Куп натпревар Континентални натпревари Останати натпревари Вкупно
Лига Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови
Нови Сад 1921 2005–06 Српска Прва Лига 19 2 19 2
2006–07 Лига на Војводина 30 6 30 6
2007–08 Српска Прва Лига 22 5 22 5
2008–09 16 0 16 0
2009–10 8 0 8 0
Вкупно 95 13 95 13
Спартак од Суботица 2009–10 Српска Суперлига 10 0 10 0
2010–11 14 3 0 0 0 0 14 3
2011–12 0 0 0 0 0 0
Вкупно 24 3 0 0 0 0 24 3
Хајдук од Кула 2011–12 Српска Суперлига 7 1 1 0 8 1
Банат од Зрењанин(како позајмен играч) 2011–12 Српска Прва Лига 3 1 3 1
Пролетер од Нови Сад 2012–13 16 8 16 8
2013–14 26 12 1 0 27 12
2014–15 25 6 2 0 27 6
Вкупно 67 26 3 0 70 26
Борац од Чачак 2015–16 Српска Прва Лига 34 15 5 3 39 18
2016–17 3 0 0 0 3 0
Вкупно 37 15 5 3 42 18
Црвена ѕвезда од Белград 2016–17 Српска Суперлига 8 2 2 0 10 2
Ордабаши 2017 Казахстанска Премиер Лига 7 3 7 3
Гвангжу 2018 K Лига 2 6 1 0 0 6 1
Пролетер од Нови Сад 2018–19 Српска Суперлига 20 5 1 0 21 5
Борац од Бања Лука 2019–20 Босанска Премиер Лига 17 1 1 2 18 3
Вкупно во кариерата 291 71 13 5 0 0 304 76

Признанија

[уреди | уреди извор]

Нови Сад 1921 година

  • Освоена е Српска лига на Војводина: 2006–07
  1. „Željko Knežević obišao pripreme igrača“. subotica.info (српски). 5 February 2010. Посетено на 11 March 2016.
  2. „Spartak Subotica 1 - 1 Hajduk Kula“. new.goalstream.org. 6 November 2011. Посетено на 11 March 2016.
  3. „Zvezda i Vojvodina najbolje pazarili“. Večernje novosti (српски). 4 February 2012. Посетено на 11 March 2016.
  4. „Fudbal: Banatu ne prija proleće“. ilovezrenjanin.com (српски). 18 March 2012. Посетено на 11 March 2016.
  5. „Nemanja Miletić, Srđan Vujaklija i Marko Mazalica na probi u Vojvodini (VIDEO)“. butasport.rs (српски). 6 July 2014. Архивирано од изворникот на 2022-02-07. Посетено на 11 March 2016.
  6. Никшићани први Вошин ривал на Златибору. dnevnik.rs (српски). 3 July 2014. Архивирано од изворникот на 2014-08-14. Посетено на 11 March 2016.
  7. „Nenad Lalatović novi šef stručnog štaba“. FK Borac Čačak official website (српски). 29 June 2015. Архивирано од изворникот на 2017-12-01. Посетено на 11 March 2016.
  8. „I Borac krenuo sa dve pobede“. mondo.rs (српски). 25 July 2015. Архивирано од изворникот на 2015-09-26. Посетено на 11 March 2016.
  9. „Šta kaže Vujaklija, kako se u Čačku piše Evropa?“. mozzartsport.com (српски). 18 October 2015. Посетено на 11 March 2016.
  10. „Leksikon golova Srđana Vujaklije: Violina za devojku, zima za selidbu iz Čačka“. mozzartsport.com (српски). 25 October 2015. Посетено на 11 March 2016.
  11. „Božović pred Borac: Drago mi je što nam prete“. Večernje novosti (српски). 1 December 2015. Посетено на 11 March 2016.
  12. „ODGOVOR NA GROFOV KONTRABAS Ceo tim Borca svirao violinu /VIDEO/“. Blic (српски). 2 December 2015. Посетено на 11 March 2016.
  13. „I u Ivanjici se svira violina“. mediaportal.rs (српски). 6 December 2015. Архивирано од изворникот на 2016-01-25. Посетено на 11 March 2016.
  14. Чачани остају без Срђана Вујаклије, Корејци најиздашнији. Sportski žurnal (српски). 28 December 2015. Посетено на 11 March 2016.
  15. „Potpisao Srđan Vujaklija!“. mozzartsport.com (српски). 6 December 2015. Посетено на 11 March 2016.
  16. „SL: Čačani preko Jagodine do drugog mesta“. B92 (српски). 20 February 2016. Посетено на 11 March 2016.
  17. „KUP: Mudrinski uništio "svoju" Jagodinu, Maslać i Vujaklija poveli Borac do polufinala“. mozzartsport.com (српски). 2 March 2016. Посетено на 11 March 2016.
  18. „Remi ravan pobedi“. FK Borac Čačak official website (српски). 10 April 2016. Архивирано од изворникот на 2022-02-07. Посетено на 15 April 2016.
  19. Вујаклија потписао за Звезду. Večernje novosti (српски). 31 August 2016. Посетено на 26 September 2016.
  20. „Milić i Vujaklija zadužili opremu Crvene zvezde! (FOTO)“. mozzartsport.com (српски). 9 January 2017. Посетено на 9 January 2017.
  21. Представљена појачања. Red Star Belgrade official website (српски). 10 January 2017. Посетено на 19 March 2017.
  22. Војводина - Црвена звезда 2:3 (2:0). Red Star Belgrade official website (српски). 8 March 2017. Посетено на 19 March 2017.
  23. Вујаклија - Много ми значе голови. Red Star Belgrade official website (српски). 1 April 2017. Посетено на 2 April 2017.
  24. „Igrač kola: Srđan Vujaklija prva violina u pobedi crveno-belih nad Subotičanima“. Serbian SuperLiga official website (српски). 3 April 2017. Архивирано од изворникот на 2022-02-07. Посетено на 6 April 2017.
  25. Вујаклија и Илић напустили клуб. Red Star Belgrade official website (српски). 7 July 2017. Посетено на 8 July 2017.
  26. "Ордабасы" подписал контракт с Срджаном Вуяклией.. FC Ordabasy official website (руски). 8 July 2017. Архивирано од изворникот на 2017-10-05. Посетено на 8 July 2017.
  27. „Kakav debi Vujaklije - ušao sa klupe i sjajnim golom doneo tri boda (VIDEO)“. mozzartsport.com (српски). 9 July 2017. Посетено на 9 July 2017.
  28. „Gwangju FC have confirmed a signing of Serbian striker Srdjan Vujaklija from Ordabasy“. Twitter (српски). 27 February 2018. Посетено на 28 February 2018.
  29. „Srđan Vujaklija ima novi klub! I to u Aziji“. mozzartsport.com (српски). 28 February 2018. Посетено на 28 February 2018.
  30. M. Šljivak (11 July 2019). „Srđan Vujaklija novi igrač FK Borac“. sportsport.ba. Посетено на 11 July 2019. Занемарен непознатиот параметар |langauge= (се препорачува |language=) (help)
  31. M. Šljivak (20 July 2019). „Nula Želje i Borca na otvaranju sezone na Grbavici“. sportsport.ba. Посетено на 20 July 2019. Занемарен непознатиот параметар |langauge= (се препорачува |language=) (help)
  32. A. Čaušević (14 September 2019). „Plata možda nema, ali zato bodova ima: FK Sloboda srušio FK Borac!“. sportsport.ba. Посетено на 14 September 2019. Занемарен непознатиот параметар |langauge= (се препорачува |language=) (help)
  33. A. Pašić (22 June 2020). „Borac u narednoj sezoni bez iskusnog napadača“. sportsport.ba. Посетено на 22 June 2020. Занемарен непознатиот параметар |langauge= (се препорачува |language=) (help)
  34. Срѓан Вујаклија на soccerway

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]