Мирко Иваниќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Мирко Иваниќ (роден во Бачки Јарак, 13 септември 1993) е фудбалер, кој игра на позицијата офанзивен играч за врска и моментално настапува за составот на Црвена ѕвезда.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Првите фудбалски чекори Иваниќ ги осознал во тимот на Младост од Бачки Јарак и како 12-годишник се преселил во екипата на Војводина.[1] Ги поминал сите помлади категории на Војводина, а првиот договор со овој клуб го потпишал во 2012 година, додека тренер на екипата бил Златомир Загорчиќ.[1] Пред неговиот прв натпревар за Војводина, тој ја поминал сезоната како позајмен играч на тимот на Пролетер од Нови Сад, каде што настапувал во сезоната 2012/13. За новиот клуб во Првата лига на Србија, одиграл 24 натпревари и постигнал пет гола.

Во летото 2013 година, тој се приклучил на екипата на Војводина и првиот настап го имал кај тренерот Марко Николиќ во квалификацискиот натпревар за Лигата на Европа против составот на Хонвед. Новосадскиот клуб го победил натпреварот со резултат од 2:0. Подоцна бил вратен во составот на Пролетер, каде го одиграл првиот дел од сезоната 2013/14 во Првата лига на Србија (15 натпревари, 6 гола). Зимата, 2014 година се вратил во составот на Војводина. Тимот го презел Бранко Бабиќ, кој му дал можност на Иваниќ да дебитира во српската Суперлига. Клубот од Нови Сад таа сезона го освоила Купот на Србија, што бил прв трофеј за Иваниќ во сениорскиот фудбал.

Во летото 2014 година Зоран Мариќ станал тренер на екипата на Војводина, а Иваниќ еден од клучните фудбалери на тимот од Нови Сад.[1] Во сезоната 2014/15, одиграл 26 натпревари во Суперлигата и постигнал 10 голови.[2] Откако Мариќ си заминал од тренерската функција, клубот повторно го водел најпрво Загорчиќ, а потоа и Ненад Лалатовиќ. Иваниќ бил стандарден кај сите тренери. Во текот на есенскиот дел од сезоната 2015/16 одиграл вкупно 20 натпревари во Суперлигата и постигнал 8 голови.[2] Добрите игри во дресот на Војводина не останале незабележани, па затоа во текот на зимскиот преоден рок во сезоната 2015/16 екипите на Партизан и Црвена ѕвезда[3] Но, тогаш тој изјавил дека не сака да се пресели во некој од „вечните ривали“, туку дека негова желба е да замине да игра во странство.[4][5]

На почетокот на февруари 2016 година, тој потпишал договор со составот на БАТЕ Борисов.[6] Овој клуб на Војводина ѝ платил еден милион евра обесштетување, па така Иваниќ станал најскапо платениот играч во историјата на белорускиот фудбал.[6] Следните три години ги поминал во составот на БАТЕ Борисов. Иваниќ, во сите натпреварувања постигнал 33 гола на 126 натпревари за белорускиот клуб, постигнувајќи и 23 асистенции.[7] Освоил три последователни титули во шампионатот на Белорусија.

Во февруари 2019 година. Иваниќ се префрлил да игра во составот на Црвена ѕвезда.[8]

Репрезентација[уреди | уреди извор]

Во март 2015 година, Мирко Иваниќ за прв пат настапил за младата репрезентација на Србија во пријателскиот натпревар со репрезентацијата на Италија.[9] Тој бил дел од популарните „орли“ на Европското првенство до 21 година одржано во 2015 година во Чешка.[10] Но, со одлука на тренерот тој не влегол во игра.

Во текот на 2017 година Мирко решил да ја прифати поканата и да игра за сениорската репрезентација на Црна Гора.[11]

Статистика[уреди | уреди извор]

Клупска статистика[уреди | уреди извор]

Обновено на 18. декември 2021.[12]
Натпревари и голови во различни клубови во различни сезони
Клуб Сезона Лигашки натпревари Национален куп Европа Други натпревари Вкупно
Лига Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови
Пролетер од Нови Сад (како позајмен играч) 2012/13[13] Прва лига на Србија 24 5 1 0 25 5
2013/14[14] 15 6 1 0 16 6
Вкупно 39 11 2 0 41 11
Војводина 2012/13[15] Српска Суперлига 0 0 0 0 0 0 0 0
2013/14[16] 10 2 2 0 1 0 13 2
2014/15[17] 26 10 2 0 2 1 30 11
2015/16[18] 20 8 2 0 8 2 30 10
Вкупно 56 20 6 0 11 3 73 23
БАТЕ Борисов 2016 година Премиер лига на Белорусија 26 6 5[б 1] 1 6 0 1[б 2] 1 38 8
2017 година 27 4 5[б 3] 2 12 4 1[б 4] 1 45 11
2018 година 25 7 6[б 5] 5 11 2 1[б 6] 0 43 14
Вкупно 78 17 16 8 29 6 3 2 126 33
Црвена ѕвезда 2018/19[25] Српска Суперлига 14 1 4 2 18 3
2019/20[26] 19 2 2 1 10 0 31 3
2020/21[27] 33 16 5 1 10 3 48 20
2021/22[28] 21 9 1 0 12 4 34 13
Вкупно 87 28 12 4 32 7 131 39
Вкупно во кариерата 262 77 36 12 72 16 3 2 373 107

Репрезентација[уреди | уреди извор]

Црна Гора
Години Натпревари Голови
2017 година 5 0
2018 година 8 1
2019 година. 2 0
Вкупно 15 1

Голови за репрезентацијата[уреди | уреди извор]

# Датум Место Противник Гол Резултат Тип на натпревар
1.[29] 27 март 2018 година Подгорица, Црна Гора Турција 1:2 2 : 2 Пријателски

Трофеи, награди и признанија[уреди | уреди извор]

Екипни награди[уреди | уреди извор]

Војводина

  • Освоен Купот на Србија: 2013/14 год .

БАТЕ Борисов

  • Освоено е Првенството на Белорусија (3): 2016, 2017, 2018 година.
  • Освоен е Суперкупот на Белорусија (2): 2016, 2017 година

Црвена ѕвезда

Поединечни награди и признанија[уреди | уреди извор]

  • Награда „Бора Костиќ“ за најдобар стрелец на Црвена ѕвезда во сезоната 2020/21.[32]
  • Најдобар фудбалер на Црвена ѕвезда во 2021 година избрана од фановите на клубот.[33] 

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 „Иванић један од кључних адута Војводине: Чувар сећања на златни трио“. novosti.rs. 16. 2. 2015. Посетено на 7. 2. 2019. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  2. 2,0 2,1 „Мирко Иванић“. soccerway.com. Посетено на 7. 2. 2019. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  3. „Рат вечитих око Иванића: Звезда "краде" Партизаново појачање“. novosti.rs. 30. 12. 2015. Посетено на 7. 2. 2019. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  4. „Мирко Иванић поновио: Нећу ни у Звезду, ни у Партизан!“. zurnal.rs. 31. 12. 2015. Посетено на 7. 2. 2019. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  5. „Иванић: Побогу, нисам ја једини играч, заборавите ме, остајем у Воши или идем преко“. mozzartsport.com. 14. 1. 2016. Посетено на 7. 2. 2019. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  6. 6,0 6,1 „Иванић потписао - пао рекорд!“. mozzartsport.com. 2. 2. 2016. Посетено на 7. 2. 2019. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  7. „Звезда довела капитално појачање за крај прелазног рока“. redstarbelgrade.rs. 6. 2. 2019. Посетено на 7. 2. 2019. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  8. „Иванић Звездин“. crvenazvezdafk.com. 8. 2. 2019. Посетено на 6. 2. 2019. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  9. Pijevac, Aleksandar (2. 3. 2021). „Kako je Srbija ispustila Mirka Ivanića: Muslin ga "propustio", Tumbaković "vrbovao" za Crnu Goru“. Блиц. Посетено на 11. 4. 2021. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  10. „Млада репрезентација: Додић одабрао путнике за Чешку“. fss.rs. 29. 5. 2015. Посетено на 7. 2. 2019. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  11. "Орао" постаје "Соко": Иванић игра за Црну Гору“. b92.net. 14. 3. 2017. Посетено на 7. 2. 2019. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  12. „Mirko Ivanić“. macsonuclarim.com (турски). Посетено на 7. 4. 2021. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  13. „Иванић, Мирко“. srbijafudbal.com. Архивирано од изворникот на 30. 12. 2019. Посетено на 7. 4. 2021. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |archive-date= (help)
  14. „Ivanić, Mirko — sezona 2013/14“. Прва лига Србије у фудбалу, званична презентација. Архивирано од изворникот на 26. 09. 2013. Посетено на 7. 4. 2021. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |archive-date= (help)
  15. „Vojvodina 2012-2013“. footballsquads.co.uk (англиски). Посетено на 7. 4. 2021. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  16. „Vojvodina Novi Sad » Squad 2013-14“. eufo.de (англиски). Архивирано од изворникот на 29. 01. 2014. Посетено на 7. 4. 2021. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |archive-date= (help)
  17. „FK Vojvodina - Igrački kadar“. Суперлига Србије у фудбалу, званична презентација. 2014. Архивирано од изворникот на 8. 10. 2014. Посетено на 7. 4. 2021. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |archive-date= (help)
  18. „M. Ivanic“. resultados-futbol.com (шпански). Посетено на 7. 4. 2021. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  19. Stokkermans, Karel (25. 3. 2021). „Belarus 2016: Kubok 2015/16“ (англиски). rsssf.com. Посетено на 7. 4. 2021. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  20. „БАТЭ (Борисов) 2:1 Шахтер (Солигорск)“ (белоруски). football.by. 16. 3. 2016. Посетено на 7. 4. 2021. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  21. Stokkermans, Karel (25. 3. 2021). „Belarus 2017: Kubok 2016/17“ (англиски). rsssf.com. Посетено на 7. 4. 2021. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  22. „Торпедо-БелАЗ (Жодино) 1:3 БАТЭ (Борисов)“ (белоруски). football.by. 11. 3. 2017. Посетено на 7. 4. 2021. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  23. Stokkermans, Karel (25. 3. 2021). „Belarus 2018: Kubok 2017/18“ (англиски). rsssf.com. Посетено на 7. 4. 2021. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  24. „БАТЭ (Борисов) 1:2 Динамо (Брест)“ (белоруски). football.by. 10. 3. 2018. Посетено на 7. 4. 2021. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  25. „Ivanić, Mirko — sezona 2018/19“. Суперлига Србије у фудбалу, званична презентација. Посетено на 7. 4. 2021. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  26. „Ivanić, Mirko — sezona 2019/20“. Суперлига Србије у фудбалу, званична презентација. Посетено на 7. 4. 2021. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  27. „Ivanić, Mirko — sezona 2020/21“. Суперлига Србије у фудбалу, званична презентација. Посетено на 7. 4. 2021. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  28. „Ivanić, Mirko — sezona 2021/22“. Суперлига Србије у фудбалу, званична презентација. Посетено на 23. 7. 2021. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  29. „Crna Gora-Turska 2:2“. crnagoraturska.com. 28. 3. 2018. Посетено на 11. 4. 2021. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  30. „Ово су Звездини шампиони“. 19. 5. 2021. Посетено на 25. 5. 2021. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  31. „Црвена зведа је освојила Куп Србије!“. ФК Црвена звезда, званична презентација. 25. 5. 2021. Посетено на 25. 5. 2021. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  32. „Иванићу уручена награда "Бора Костић". 16. 7. 2021. Посетено на 18. 8. 2021. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  33. „Изабрали сте Мирка Иванића за играча године“. 2. 1. 2022. Посетено на 13. 1. 2022. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]


Грешка во наводот: Има ознаки <ref> за група именувана како „б“, но нема соодветна ознака <references group="б"/>.