Список на проколнати места

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Дел од серијата
 
Теми
Паранормално
Духови · Спиритизам
Далечинско гледање
Вонсетилно восприемање
Прекогниција · Јасновидост
Психометрија · Психокинеза
Парапсихологија · Реинкарнација
Проколнати места
НЛО · Телепатија
Истерувачи на духови

Ова е список на проколнати места или места за кои е кажано дека се опседнати од духови или други натприродни суштества. Ваквите приказни спаѓаат делумно во историјата и делумно во легендите и фолклорот.

Австралија[уреди | уреди извор]

Остатоците на Алкимос крај брегот, сликани во ноември 2006 година.
  • Алкимос е американски воен брод од Втората светска војна, кој доживеал бродолом, што се случил кај брегот од Западна Австралија во 1964 година. Остатоците од бродот сè уште пловат по водите, и се мета на бројни мистериозни приказни.[1][2]
  • Душевна болница „Арадејл“ е градба на рид во Арарат, Викторија, каде во еден момент биле вработени повеќе од 500 луѓе. Изгледал како град во самиот град и во моментот кога бил затворен (1993 година) имал 63 згради.[3]
  • Бичвортска лудница во Бичворт, Викторија е место за кое е објавено дека неколку духови на умрени ги вознемирувале станарите.[4]
  • Бордер Ин хотел (Фланаганс) во Бахус Марч, Викторија - За овој хотел од 1850-те години е објавено дека се чувствува присуство на духови, предметите сами се движат, пијаното свири само, а луѓето го чувствуваат допирот од невидливите духови.[5]

Англија[уреди | уреди извор]

  • 50 Беркли сквер - е најопседнатата куќа со духови во Лондон.[6][7]
  • Блу Бел Хил во Кент, поточно патот A229. Ова е местото каде што фантомска женска личност стопира. Колите застануваат да ја качат, а нејзе потоа ја снемува.[1].

Јапонија[уреди | уреди извор]

  • Аокигахара, шума во подножјето на планината Фуџи, е позната локација каде се извршени многу самоубиства. Можеби затоа оваа шума се смета за полна со духови.[11]

Канада[уреди | уреди извор]

  • За владината куќа во Реџина, Саскачеван се зборува дека ја напаѓаат духови на деца, слуги, дури и еден бивш готвач. Се слуша смеење на деца и чекори, мебелот сам се поместува, а во огледалата се појавуваат страшни ликови.[12]
  • Николас Стрит Гаол во Отава, Онтарио, се вели дека е опседнат од духот на човек кој погрешно е обвинет за убиство и погубен. Зградата денес е младински хотел, но најгорниот спрат е оставен каков што бил пред сто години.[13]

Кина[уреди | уреди извор]

  • Автопат Туен Мун, Хонг Конг - Во текот на повеќе години, стотици луѓе изјавиле дека овој автопат е опседнат од духови Уште од 1978 година, многу животи згаснале овде поради сообраќајни незгоди. Високата смртност на овој автопат се обвинува за појавата на духови кои наеднаш излегуваат пред возачите на сред пат, со што предизвикуваат нагло вртење настрана со цел да бидат избегнати. Најчесто духовите се појавуваат ноќе.[14]

Македонија[уреди | уреди извор]

САД[уреди | уреди извор]

  • Гробиштата во Истон, Конектикат, кои датираат од 1600-те години, се најпосетуваните гробишта во цела држава од страна на духови. Неколкумина очевидци успеале да фотографират некои од духовите, меѓу кои се појавува и една „Бела дама“, за која се вели дека е снимена и на видео камера. „Белата дама“ често се појавува на патот кој е излез од гробиштата.[15][16][17]
  • Слипи Холоу, Њујорк и околните шуми во долината на реката Хадсон се дома на повеќе духови, вклучувајќи ја и легендарната „Дама во бело“ и „Јавачот без глава“. Жителите на тоа место со векови раскажуваат дека „Јавачот без глава“ се појавува во мрачна и облачна ноќ.[18]

Хималаи[уреди | уреди извор]

  • Монт Еверест - Дух на алпинист се појавува пред очевидците, меѓу кои двајца во 1975 година изјавиле дека го делеле скривалиштето со духот за време на нивното искачување. Некои веруваат дека ова е духот на алпинистот Ендрју Ирвин, кој исчезнал заедно со Џорџ Малори во 1924 година.[19]

Шкотска[уреди | уреди извор]

  • Единбуршки замок - има многу духови, меѓу кои и еден тапанџија кој се појавува само кога замокот е во опасност од напад, како и еден гајдаџија кој исчезнал во тунелите меѓу замокот и Хај Стрит.[20]

Шпанија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Jack Wong Sue and Barry Sue. Ghost of the Alkimos. (Revised edition: Perth, 2005)
  2. LovePerth (15 септември 2012). „Alkimos“. http://www.loveperth.com.au/alkimos/. конс. 15 септември 2012 г. 
  3. Ghost Research International
  4. Beechworth Ghost Tours Information Accessed 6/9/08
  5. Ghost Research International
  6. „Walks of London - 50 Berkeley Square The Most Haunted House In London“. http://www.walksoflondon.co.uk/37/50-berkeley-square-the-mo.shtml. конс. 19 декември 2007 г. 
  7. Underwood, Peter (1992). The A-Z of British Ghosts. London: Chancellor Press. ISBN 1-85152-194-1. 
  8. Well-Known Ghosts 2
  9. Castles with Ghosts
  10. Windsor Castle Ghosts
  11. Iwasaka, Michiko and Toelken, Barre. Ghosts and the Japanese: Cultural Experiences in Japanese Death Legends, Utah State University Press, 1994. ISBN 0-87421-179-4
  12. „Old Government House is a little haunt on the Prairies“. http://www.thestar.com/Travel/article/296315. конс. 2008 г. 
  13. „When jails can be fun to stay in“. Daily Excelsior. http://www.dailyexcelsior.com/00june02/inter.htm#3. конс. 2007 г. 
  14. „Do You Believe that Ghosts are Real?“. nowpublic news. http://www.nowpublic.com/do_you_believe_that_ghosts_are_real. конс. 2007 г. 
  15. Ed and Lorraine Warren with Robert David Chase Graveyard. St. Martin's Press, 1992
  16. Joseph A. Citro Weird New England. Sterling Publishing Co., 2005
  17. Cheri Revai Haunted Connecticut. Stackpole Books, 2006
  18. http://en.wikipedia.org/wiki/Headless_Horseman
  19. International Haunted Places
  20. Haunted Castles
  21. El fantasma de Catalina Lercaro. Curiosidades y leyendas de la historia lagunera.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]