Свастика: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
embed {{Нормативна контрола}} with wikidata information |
с →top: Додадена категорија |
||
Ред 13: | Ред 13: | ||
{{Нормативна контрола}} |
{{Нормативна контрола}} |
||
[[Категорија:Крстови]] |
[[Категорија:Крстови]] |
||
[[Категорија:Индоевропски народи]] |
[[Категорија:Индоевропски народи]] |
||
[[Категорија:Магиски симболи]] |
Последна преработка од 14:37, 16 ноември 2022
Кукест крст (германски: Hakenkreuz) или свастика (санскрит: स्वास्तिक) — крст со еднакви страни со прекршени краци под прав агол и свртен надесно (卐) или налево (卍). Изразот потекнува од санскритскиот збор „свасти“, што значи добробит. Тајландскиот поздрав со споени дланки (како при молитва) има исти корени и исто значење.
Свастиката е ширококористен симбол во дармиските религии (хиндуизам, будизам и џаинизам). Хиндуистите често ја украсуваат свастиката со по една точка во секој квадрант. Во Индија е премногу чест и вообичаен симбол, така што е дел од неколку деванагари азбуки. Исто така е дел и од современиот Уникод. Често се наоѓа во верски текстови, покани за свадби, украси итн. Се користи за обележување религиозни знамиња во џаинизмот и будистички храмови во Азија.
Постојат археолошки докази дека облици на свастика датираат од Неолитот. Во 1920 свастиката била позајмена како нацистички симбол и од тогаш е контроверзен симбол. Во западниот свет, свастиката е најпозната како симбол на нацизмот, што го извртува историското значење на симболот на истокот.
Се среќава и во други азиски, европски, африкански и староамерикански (индијански) култури, некогаш како геометриски мотив, некогаш како религиозен симбол.
Иако и во Европа овој симбол може да се најде на голем број обjекти и споменици, неговото користење во Западниот свет се избегнува поради поврзаноста на овој симбол со Нацистичка Германија.
|