Вена: Разлика помеѓу преработките

Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Одземени 4 бајти ,  пред 1 година
с
Јазично подобрување, replaced: дијаметар → пречник
(embed {{Нормативна контрола}} with wikidata information)
с (Јазично подобрување, replaced: дијаметар → пречник)
 
'''Вените''' ([[Латински јазик|латински]] ''Venae'') се [[крвни садови]] кои ја враќаат [[крв]]та во [[срце]]то од сите делови на телото на [[животни]]те. Во крвната мрежа, повеќето животни (вклучувајќи го и [[човек]]от) имаат повеќе венски отколку [[Артерија|артериски]] садови. Кај човекот, на пример, просечно на една артерија доаѓаат два венски сада.
 
Вените се слично градени како и артериите, но постојат и некои разлики. Тие имаат поголем [[дијаметарпречник]] и средниот [[мускул]]ен слој е потенок, што го прави венскиот ѕид нееластичен. Затоа при повреда, венските ѕидови се слепуваат и крвта бавно истекува. Внатрешниот слој кај вените образува [[клапи]] (залистоци) кои ја движат крвта и спречуваат нејзино враќање назад. Значи, вените се изградени од три слоеви:
 
* ''Надворешен слој'', кој се состои од [[колаген]]ски и [[Еластичност|еластични]] влакна и надворешен еластичен лист
* ''Внатрешен слој'', во чиј состав влегуваат [[ендотел]]от и внатрешниот еластичен лист, од кој се образуваат залистоците.
 
Сите венски крвни садови, со исклучок на [[Белодробна вена|белодробните вени]] носат [[редуцирана крв]] од [[Ткиво|ткивата]] до срцето. Се формираат по принцип на собирање, така што на венските [[капилар]]и се надоврзуваат [[Венула|венулите]] (најмалите венски садови). Венулите, пак, преминуваат во [[Горна шуплива вена|горна]] и [[Долна шуплива вена|долна]] шуплива вена, кои ја носат редуцираната крв до срцето.
 
При попуштање на мускулните ѕидови, вената се проширува со што доаѓа до појавата на [[попуштени вени]]. Ова нарушување е очигледно, бидејќи вените се сместени површински во телото, за разлика од артериите кои се сместени подлабоко.
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Вени| ]]
[[Категорија:Крвоток]]

Прегледник