Млечен Пат: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
Ред 65: | Ред 65: | ||
==Млечниот пат како тема во уметноста и во популарната култура== |
==Млечниот пат како тема во уметноста и во популарната култура== |
||
* „[[На Млечниот Пат]]“ — [[филм]] на [[режисер]]от [[Емир Кустурица]].<ref>''Story'', број 573, 9 септември 2016, стр. 86.</ref> |
* „[[На Млечниот Пат]]“ — [[филм]] на [[режисер]]от [[Емир Кустурица]].<ref>''Story'', број 573, 9 септември 2016, стр. 86.</ref> |
||
* „Под Млечниот Пат“ (''Under the Milky Way'') — песна на австралиската [[Рок-музика|рок]]-група |
* „Под Млечниот Пат“ (''Under the Milky Way'') — песна на австралиската [[Рок-музика|рок]]-група „Черч“ (''The Church'') од 1988 година.<ref>[https://www.youtube.com/watch?v=kcouA8yXYPM YouTube, The Church - Starfish (Full Album) 1988 - 480P.mp4 (пристапено на 15.10.2017)]</ref> |
||
* „Млечен Пат“ (''Milky Way'') — песна на американската група |
* „Млечен Пат“ (''Milky Way'') — песна на американската група „Бордомс“ (''Boredoms'') од 1990 година.<ref>[https://www.youtube.com/watch?v=Gc-8Q5sjayI YouTube, Soul Discharge '99 (full album) - Boredoms]</ref> |
||
==Референци== |
==Референци== |
Преработка од 08:29, 25 јули 2019
Инфрацрвена слика на јадрото на галаксијата „Млечен пат“ | |
Датум на набљудување | |
---|---|
Тип | SBbc (спирална галаксија) |
Пречник | 100,000 светлосни години |
Дебелина | 1,000 светлосни години (ѕвезди) |
Број на ѕвезди | 200 дп 400 милијарди |
Најстара позната ѕвезда | 13.2 милијарди години |
Маса | 5.8×1011 M☉ |
Оддалеченост на сонцето од галактичкиот центар | 26,000 ± 1,400 светлосни години |
Сончев галактички период на ротација | 220 милиони години (негативна ротација) |
Период на спирална ротација | 50 милиони години[1] |
Bar pattern rotation period | 15 до 18 милиони години[1] |
Speed relative to CMB rest frame | 552 km/s[2] |
Поврано: Галаксија, Список на галаксии | |
Млечен Пат (лат. Via Lactea); народен назив; Гумно или Кумова Слама— спирална галаксија која припаѓа на локалната група на галаксии во нашиот универзум. Иако Млечен Пат е само една од милијардата галаксии кои егзистираат во познатиот универзум, галаксијата е од особено значење на човештвотот и е дом на нашиот сончев систем. Терминот „Млечен“ потекнува од лелеавата бела светлика која се простира над земјината атмосфера, видлива од Земјата. Светлината е создадена од сјајот на сите ѕвезди во оваа галаксија, која е најсветла во делот каде што е соѕвездието – Стрелец, кон галактичкиот центар.
Главниот диск на галаксијата е широк меѓу 80.000 и 100.000 светлосни години во дијаметар, и околу 1000 светлосни години во дебелина. Се претпоставува дека галаксијата Млечен Пат содржи меѓу 200 и 400 милијарда ѕвезди.
Старост
Староста на галаксијата се претпоставува дека е 13,6 милијарда години, или врсник на нашиот универзум. Овие бројки се базираат врз истражувања во 2004, кои ги спроведе тим на реномирани астрономи.
Местото на нашето Сонце во галаксијата Млечен Пат
Сонцето, а со тоа и Земјата и соларниот систем, се наоѓа во близината на надворешниот крак наречен Орионски Ракав, на оддалеченост од 7,94 ±0,42 парсеци од галактичкиот центар. Далечината меѓу Орионовиот и Персејскиот Ракав која е следна изнесува 6.500 светлосни години.
На Сонцето му се потребни меѓу 225-250 милиони години да заврши една обиколка околу галактичкото јадро. Орбиталната брзина на соларниот систем е околу 217 км2.
Иднината на Млечен Пат
Најновите истражувања покажуваат дека галаксијата Андромеда се приближува до галаксијата Млечен Пат со брзина од 300 км/с. Според ова истражување двете галаксии ќе се судрат за отприлика 3-4 милијарда години. Доколку ова се случи се претпоставува дека нашето Сонце и другите ѕвезди нема да се судрат меѓусебно, туку ќе се спојат за да формираат елиптична галаксија чие формирање ќе трае околу милијарда години.
Народни верувања во Македонија
Летно време, по средината на целото небо се гледа белузлавата лента на нашата галаксија Млечен Пат. Кај народот таа лента има две имиња: Кумова Слама и Попова Слама, од кои второто најверојатно е постаро народно име. Според преданијата, на небото е отсликана кражбата на слама на некој поп (или кум) од кумашинот.[3]
Млечниот пат како тема во уметноста и во популарната култура
- „На Млечниот Пат“ — филм на режисерот Емир Кустурица.[4]
- „Под Млечниот Пат“ (Under the Milky Way) — песна на австралиската рок-група „Черч“ (The Church) од 1988 година.[5]
- „Млечен Пат“ (Milky Way) — песна на американската група „Бордомс“ (Boredoms) од 1990 година.[6]
Референци
- ↑ 1,0 1,1 Предлошка:Цитирано списание
- ↑ Предлошка:Цитирано списание
- ↑ Ѓоре Ценев, „Небото над Македонија“, МКЦ Скопје, 2004, стр. 71-72.
- ↑ Story, број 573, 9 септември 2016, стр. 86.
- ↑ YouTube, The Church - Starfish (Full Album) 1988 - 480P.mp4 (пристапено на 15.10.2017)
- ↑ YouTube, Soul Discharge '99 (full album) - Boredoms
|