Данок на добивка: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
embed {{Нормативна контрола}} with wikidata information
Ред 13: Ред 13:
{{наводи}}
{{наводи}}


{{Нормативна контрола}}
[[Категорија:Економија]]
[[Категорија:Економија]]
[[Категорија:Економија на Македонија]]
[[Категорија:Економија на Македонија]]

Преработка од 00:17, 21 јуни 2015

Данок на добивка е данок што правните лица (претпријатијата, финансиските институции и другите организации) ги плаќаат на остварената добивка во претходната финансиска година.

Обврзници на данокот на добивка се сите претпријатија (домашни и странски) како правни субјекти кои остваруваат добивка од дејноста што ја извршуваат. Како предмет на оданочување се јавува добивката, (профитот) која се утврдува како разлика помеѓу вкупните приходи и вкупните расходи, согласно сметководствените прописи и законот за данок на доход. Даночната основица е износот на добивката, односно профитот.

Данокот на добивка во Македонија

Во јануари 2014 година бил изменет Законот за данокот на добивка, при што обврската за плаќање на данокот била воведена и на заемите што меѓу себе си ги одобруваат домашните претпријатија (обврската не важи за претрпијатијата во технолошко-развојните зони), како и на исплатените дивиденди. Притоа, под оданочување подлежат само заемите коишто претпријатијата нема да ги вратат во текот на годината.[1]
Исто така, била направена промена и кај даночниот третман на задржаната добивка: за разлика од претходно, кога задржаната добивка не се оданочувала, т.е. се подразбирало дека таа е реинвестирана, со законските измени било предвидено дека, „ако спротивното не се докаже документирано, се смета дека добивката не е реинвестирана и на неа ќе се плати данок“. Понатаму, со законските измени било вратено старото решение за оданочување на добивката (кое се применувало до 2008 година), односно финансискиот резултат од билансот на успехот ја претставува основата за оданочување. Притоа, за износот на загубата се намалува даночната основа и таа може да се пренесува на товар на идните оданочливи добивки во следните три години.[2]
Понатаму, од 1 јануари 2015 година било воведено даночното ослободување со кое даночната основа се намалува за износот на реинвестираната добивка во материјални (машини, постројки, недвижен имот) и нематеријални средства (софтвер, патенти итн.). Притоа, ослободувањето се дава само под услов, фирмата да ги задржи набавените средства во своја сопственост најмалку пет години.[3]

Наводи

  1. „Данокот на заеми ги разбранува кредитите за фирмите“, Утрински весник, година XVI, број 4723, понеделник, 2 март 2015, стр. 7.
  2. Павле Гацов, „Загубарите во плус, профитабилните во минус - даночно цедење на стопанството“, Економија и бизнис, година 17, број 198, 25 декември 2014, стр. 64-65.
  3. Павле Гацов, „Загубарите во плус, профитабилните во минус - даночно цедење на стопанството“, Економија и бизнис, година 17, број 198, 25 декември 2014, стр. 65.