Велика Британија (остров): Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.7.2) (Робот: Додава ln:Británi-Monɛ́nɛ
Ред 106: Ред 106:
[[szl:Wjelgo Brytańijo (wyspa)]]
[[szl:Wjelgo Brytańijo (wyspa)]]
[[ckb:بریتانیای مەزن]]
[[ckb:بریتانیای مەزن]]
[[sr:Велика Британија]]
[[sr:Велика Британија (острво)]]
[[sh:Britanija (otok)]]
[[sh:Britanija (otok)]]
[[fi:Iso-Britannia (saari)]]
[[fi:Iso-Britannia (saari)]]

Преработка од 11:12, 24 декември 2012


Велика Британија или Британија (англиски: Great Britain, велшки: Prydain Fawr, шкотски галски: Breatainn Mhòr, корнски: Breten Veur) е остров се наоѓа на северозапад од континентална Европа. Тоа е деветтиот најголем остров во светот и најголемиот европски остров, како и најголемиот од Британските острови. Со население од околу 60 милиони луѓе во средината на 2009 год., тоа е трет најнаселен остров во светот, по Јава и Хоншу. Велика Британија е опкружена со над 1000 помали острови и островчиња. На запад се наоѓа островот Ирска. Политички, Велика Британија, исто така, може да се однесува на самиот островот заедно со голем број од околните острови од кои се состои територијата на Англија, Шкотска и Велс.

Целиот остров е територија на суверената држава на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, а поголемиот дел од територијата на Обединетото Кралство е во Велика Британија. Поголемиот дел од Англија, Шкотска и Велс е на островот Велика Британија, како и нивните главни градови: Лондон, Единбург и Кардиф.

Кралството Велика Британија како резултат на политичка унија на кралства на Англија и Шкотска со Актите за унијата (1707) од 1. мај 1707 за време на владеењето на кралицата Ана. Во 1801 год., во рамките на новиот Закон на унијата, ова кралство се спои со Кралството на Ирска по што се создаде на Обединетото Кралство на Велика Британија и Ирска. По Ирската војна за независност поголемиот дел на Ирска се оддели од Унијата, која потоа стана Обединетото кралство на Велика Британија и Северна Ирска.

Релативно ограничената разновидност на флора и фауна на островот се должи на неговата големина и фактот дека живиот свет имал малку време да се развие од последниот глацијален период. Високото ниво на урбанизација на островот доведе до стапка на исчезнување на видови која е околу 100 пати поголема од нормалналната стапка на исчезнување.


Велика Британија лежи помеѓу Ирска и континентална Европа.

Географска дефиниција

Со површина од 224 000 km² островот Велика Британија е најголемиот од британските острови. Друг голем остров во архипелагот е Ирска. Велика Британија е најголемиот остров во Европа и осмиот најголем остров во светот. Тој е исто така трет најнаселен остров во светот по Јава и Хоншу.

Велика Британија се протега во должина од околу десет степени латитуда според нејзината подолга, север-југ оска. Географски островот е обележан со ниски земјишта на исток и југ, додека пак ридовите и планините доминираат во западните и северните региони. Пред крајот на последнота ледена доба, Велика Британија била полуостров на Европа; нивоата на морињата кои се издигнувале како резултат на топењето на глечерите по ледената доба го предизвикале формирањето на Англискиот Канал, водена површина која сега го дели островот од европското копно.

Климата на Велика Британија е поумерена отколку таа во другите региони на северната хемисфера на истата латитуда, поради топлите води на Голфската струја кои поминуват покрај британските острови и делумно влијаат на климата. Ладна, но не студена температура, облаци почести отколку сонце и големо количество на дожд се начинот на живот на островот.