Илири: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
с Отстрането уредувањето на 62.162.166.94 (разговор), вратено на последната верзија на Bjankuloski06 |
с Робот: Додава dsb:Ilyry |
||
Ред 24: | Ред 24: | ||
[[cs:Ilyrové]] |
[[cs:Ilyrové]] |
||
[[de:Illyrer]] |
[[de:Illyrer]] |
||
[[dsb:Ilyry]] |
|||
[[et:Illüürlased]] |
[[et:Illüürlased]] |
||
[[en:Illyrians]] |
[[en:Illyrians]] |
Преработка од 21:26, 17 април 2012
Илирите биле народ којшто го сочинувале голем број на племиња, меѓу кои најпознати биле Таулантите, Патрините, Енхелејците, Доклеатите, Далматите, Аутаријатите, Даорсите и Пирустите. Овие племиња биле населени уште од 2 милениум п.н.е. на територијата на западниот дел на Балканскиот Полуостров, на запад по брегот на Јадранското и Јонското Море, на север до реката Дунав, а на југ до и со Епир.
Илирите главно се занимавале со сточарство, примитивно земјоделство, ископување на руда, како и лов и особено риболов. Најдобри сточари биле Аутаријатите, а најдобри трговци биле Даорсите. Илирите многу брзо ја развиле трговијата, а се развило и занаетчиството. Тие биле и познати морепловци, а и гусари кои им попречувале на туѓите бродови, а често и ги ограбувале.
Како и во соседните земји, така и кај Илирите започнало да се распаѓа родовското уредување и да се создаваат класи. Се појавиле богати и имотни Илири, но и сиромашни и бедни. Во 7 век п.н.е. Галаур ја создал првата илирска држава и се прогласил за нејзин крал. Тој ги одредил границите, но тие многу често се менувале, бидејќи Илирите многу често војувале со соседите, а особено со Античките Македонци.
Најголем подем илирската држава постигнала во 5 век п.н.е., а најпознати владетели на илирската држава биле Грабос, Бардалис, Аргон, Гентиј, како и кралицата Теута. Најчесто престолнина на илирската држава бил градот Скадар.
Илирите ја одржувале својата држава сѐ до крајот на 3 век п.н.е. кога Римјаните за да го спречат гусарството на Илирите кои го попречувале слободното одвивање на трговијата на римските морепловци-трговци и во римско-илирските војни 229-228 година п.н.е. и 219 г.п.н.е. биле поразени и изгубиле голем дел од територијата која потпаднала под римска власт. Последен илирски крал бил Гентиј којшто дури склучил и сојузништво со последниот македонски крал Персеј, но сепак и двајцата биле поразени од Римјаните.
Илирите располагале со културни обележја, обичаи и верувања. Тие верувале во задгробен живот, а исто така ги толкувале и природните појави како желби на нивните богови. Најпознати богови биле Видасус, Магла, Биндус и др. Илирите исто така имале и свој јазик, но со потпаѓањето под римска власт настапил период на романизација, па постепено започнале да го прифаќаат латинскиот јазик, а својот јазик постепено го изгубиле.