Специјален резерват на природата Увац

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Меандри на реката Увац

Специјалниот резерват на природата Увац е резерват на природата од прва категорија и се наоѓа на подрачјето на југозападна Србија.[1] Завзема површина од 7,453 хектари и ги опфаќа деловите од територијата на општина Нова Варош и Сјеница. Под заштита на државата е од 1971 година и како природен резерват е од исклучително значење.[1]

Карактеристики[уреди | уреди извор]

Специјалниот резерват на природата Увац претставува единствена морфолошка целина на Старовлашката висорамнина. Тоа е долина на кањонот на реката Увац. Самата река поминувајќи низ пределот на места прави меандри, а на места ги пресекла планините правејќи кањон со бочни страни високи и до 100 метри. Резерватот се простира меѓу две планини, на југозапад е Златар, а на североисток е Јавор. Во релјефот доминираат варовнички облици претставени со бројни ували, јами и пештери. Најпознат е Ушачкиот пештерски систем со канали долги 6,185 метри. Тука се наоѓа и познатата Ледена пештера.

Флора и фауна[уреди | уреди извор]

Птици[уреди | уреди извор]

Белоглав мршојадец

Овој резерват се одликува со исклучителен биодиверзитет. Најзначајна птица на овие простори е белоглавиот мршојадец – вид на орел мршојадец со големи димензии (распон на крилата до три метри). Оваа птица освен во овој резерват може да се најде уште само во кањонот на реката Трешњица. Во резерватот има околу 300 единки, а за нив е специфичен единствениот начин на исхрана. Се хранат исклучиво се мрша на умрени животни и затоа претставуваат важен дел од синџирот на исхраната. До сега на оваа територија се забележани 104 вида на птици, меѓу кои се: златниот орел (Aquila chrysaetos), орелот змијар (Cricaetus gallicus), сивиот сокол (Falco peregrinus), кокаљката (Mergus merganser), прдавецот (Crex crex) и други.[2] Најголемото место на гнездење на кокаљката на Балканот се наоѓа во овој резерват.

Друг жив свет[уреди | уреди извор]

Во овој регион живеат неколку загрозени видови на цицачи, а во реката се забележани 11 вида на риби (поточна пастрмка, клен и скобаљ).[1] Од растенијата регистрирани се 219 разни растителни таксони. Од нив три вида се со меѓународно значење, неколку се под заштита, а повеќе од 50 вида имаат лековито дејство. Значајно е присуството на животни како што се: рисот (Lynx lynx), видрата (Lutra lutra) и лилјаците. Пештерата Увце е живеалиште на ендемични видови на инсекти од родот Remyella и Duvalius како и на стоногалката Haasea lacusnigri microcorna.[1]

Заштита[уреди | уреди извор]

Специјалениот резерват на природата Увац првпат бил заштитен 1971 година, на локалитетот Павловиќ  Брод со површина од 267 хектари. Во 1995 година, проширено е подрачјето под заштита за околу десет пати (2,717 ха) за да во 2006 година ја добие конечната големина и облик. Формиран е фонд за заштита на птицата грабливка "Белоглав суп" со седиште во Нова Варош, кој се грижи за резерватот.[1] Бидејќи е резерват од исклучително значење, секоја активност која може да го наруши екосистемот е строго забранета.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Специјални резерват природе „Увац““. (на sr)
  2. Аминиќ и сорб. (2011). Заштићена природна добра Србије (друго изд.).. Белград: Министарство животне средине, рударства и просторног планирања; Завод за заштиту природе Србије. стр. 280. ISBN 978-86-80877-39-6. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]