Прејди на содржината

Ланец на исхрана

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Синџир на исхрана)
Ланец на исхрана во едно езеро во Шведска. Орелот-рибар се храни со штука, која се храни со костреш, а тој со плашица и плашицата со слатководни ракчиња.

Синџирите (ланците) на исхрана во еден екосистем укажуваат на тоа на кое хиерархиско ниво се наоѓа еден организам во исхраната на останатите организми.

Хиерархија во синџирот на исхрана

[уреди | уреди извор]

Положбата на еден организам во синџирот на исхрана се нарекува хиерархиско ниво. Оваа положба зависи од тоа дали тој организам спаѓа во царството на монерите, габите, протистите, растенијата или животните.

Зелените растенија секогаш го заземаат првото хиерархиско ниво бидејќи тие се производители на храната која ја троши целиот синџир. Второто хиерархиско ниво е резервирано за организмите кои се хранат со растенија - тревојади (хербивори), додека натамошните нивоа припаѓаат на организмите кои се хранат со месо - месојади (карнивори)

Пренесување на енергијата во синџирот на исхрана

[уреди | уреди извор]

Енергијата постојано протекува низ синџирот на исхрана, но секој потрошувач ја користи речиси сета енергија која ќе ја прими во себе со храната. Кога едно тревојадно животно ќе изеде едно растение, тоа ја зело во себе енергијата која растението пак ја земало од Сонцето. Мал дел од таа енергија животното потрошило при респирацијата, додека друг дел, преку храната, оди во желудникот . Истото се случува и кога некој месојад ќе изеде тревојадно или друго месојадно животно. Ова се одвива сè до крајот на синџирот на исхрана.

Губењето на енергијата низ нивоата го означува и крајот на еден синџир на исхрана. Така, ретко кога во четвртото или петтото ниво има енергија за ново, следно ниво. Тоа е причина за создавање на биолошките пирамиди.