Прејди на содржината

Сончева плоча

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Сончева ќелија)
Сончева ќелија

Сончева плоча или сончева ќелија е електричен уред кој директно ја претвора енергијата на светлината во електрична енергија со помош на фотоелектричен ефект.[1] Таа е форма на фотоелектрична ќелија која, кога е изложена на сончева светлина, може да генерира и одржува електрична струја без да е приклучена на надворешни извори на напон.
Во оваа група спаѓаат сончевите модули, познати како сончеви плочи и фотонапонските плочи кои користат и други извори на енергија освен Сонцето.

Фотоелектричниот ефект бил откриен во 1839 година од страна на францускиот физичар Анри Бекерел, но првата ќелија била изработена дури во 1883 година од страна на Чарлс Фриц. Ја изработил така што покрил полуспроводник од селен со многу тенок слој на злато за создавање на врска. Ефикасноста на уредот била само околу 1%. Во 1888 година рускиот физичар Александар Столетов ја направил првата фотоелектрична ќелија врз основа на надворешниот фотоелектричен ефект, кој бил откриен од страна на Хајнрих Херц во 1887 година. Алберт Ајнштајн во 1905 година го објаснил фотоелектричниот ефект за што ја добил Нобеловата награда за физика во 1921 година. Расел Ол во 1946 година ја патентирал модерната полуспроводничка сончева ќелија, која била откриена за време на работата на подобрување во развојот на транзисторот.

  1. Solar Cells. chemistryexplained.com