Солон (грчки: Σόλων, околу 638 п.н.е. - 558 п.н.е.) бил атинскидржавник, законодавник и лирски поет, еден од седумте мудреци на Стара Грција. Најмногу е запаметен по неговите настојувања да воведе законски ред против политичкото, економското и моралното опаѓање во древна Атина. Тој го поткренал националниот дух на жителите на Атина, ги ублажил маките на сиромашните луѓе и го создал либералниот устав на Атина. Притоа, за да им даде на граѓаните можност да ги практикуваат неговите закони, тој одлучил да ја напушти Атина.[1] Иако неговите реформи не останале долг период, сепак Солон е познат како основоположник на атинската демократија.[2][3][4][5]
↑E. Harris, A New Solution to the Riddle of the Seisachtheia, in 'The Development of the Polis in Archaic Greece', eds. L.Mitchell and P.Rhodes (Routledge 1997) 103