SMUT

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Смат)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
SMUT
поставата на SMUT
Биографски податоци
ПотеклоМакедонија Скопје, Македонија
Жанровихардкор, металкор
Период на активност1996–денес
ИздавачиПасворд, Литиум, Југотон
СоработнициHardfaced, Outlaw, Last Hope, Victim Yield, Bernays Propaganda
Членови
Ѓорѓи Иловски
Благоја Антовски
Дарко Најдовски
Дејан Николовски
Горан Ристевски

SMUT (се чита: Смат) е македонски хардкор бенд од Скопје. Групата е формирана во 1996 год. од страна на вокалот Ѓорѓи Иловски, тапанарот Благоја Антовски, басистот Дарко Најдовски и гитаристите Дејан Николовски и Горан Ристевски, кои воедно се членови и до ден денес.[1] Во нивното 17-годишно опстојување на музичката сцена успеале да изградат верна група на фанови и почитувачи на нивниот музички стил ширум Македонија.

Во своите песни бендот обработува теми од секојдневниот живот и од сите негови аспекти. Групата е препознатлива по моќната гитара, впечатливиот брз ритам на тапаните и испреплетениот звук на бас гитара кој совршено ги спојува другите два инструмента. Доста специфичен е и вокалот на Ѓорѓи Иловски, кој има широк дијапазон и може да пее мелодични секции, па се до оние потврди „скрим“ делови.

Во досегашниот музички каталог имаат четири студиски албуми, од кои последниот Мемоарите на скршениот човек излезе во април, 2012 год. во издаваштво на Пасворд продукција. Албумот бил позитивно оценет од музичката критика, која за проектот рекла дека е спој металкор и хардкор жанровите, и го окарактеризирала како концептуален и прогресивен. За промоција на албумот бил снимен и видео запис за песната „Срце на бина“, во режија на Владимир Митревски.[2] На 26 октомври во клубот Хавана ја одржаа и концертната промоција на албумот, истовремено изведувајќи и нумери од постариот материјал.[3]

Во изминатите години, Смат ја имаа честа да настапуваат како предгрупи на реномираните бендови од хеви метал сцената како Hatebreed, Sick Of It All, Biohazard, Integrity, Defdump, Born from Pain, Death before Dishonor и многу други.[4][5] Инаку, Смат имаат мошне успешна соработка и со останатите македонски хардкор бендови како Outlaw, Victim Yield и посебно Hardfaced, кои впрочем гостувале на нивниот последен албум.

Дискографија[уреди | уреди извор]

Студиски албуми
  • Smut (1996)
  • Forever is not enough (2003)
  • All I Have (2007)
  • Мемоарите на скршениот човек (2012)
  • Тие се насекаде (2018)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Концерт на бендот Смат на 26 октомври, статија во Дневник (10.10.2012)
  2. Смат го промовираат новиот албум, извадок од страницата Го сакам Скопје
  3. Хардкор заедницата ја покажа својата компактност, статија во Нова Македонија (29.10.2012)
  4. Промоција на новиот албум на Смат, од форумот Кајгана (4 април, 2012)
  5. Смат повторно ќе свири пред Хејтбрид, статија во Нова Македонија (16.07.2012)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]