Outlaw

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Outlaw
ПотеклоСкопје, Македонија
Жанровиметалкор, хардкор
Период на активност2010-денес
ИздавачиDiehard Records
СоработнициSMUT, Hardfaced, Screaming for Change, Generiss
Членови
Филип Манев
Мартин Николовски
Наско Џорлев
Иван Петровски
Даниел Дервишевиќ
Настап на Outlaw на 23 април 2014 заедно со Take Offense и Screaming for Change.

Outlaw — хардкор-група од Скопје, Македонија која е оформена во септември 2010 година. Позади себе имаат многубројни настапи, и еден албум. Албумот „This Is How They Look At Us“ е издаден на 13 декември 2013 година со помош на назависната издавачка куќа Diehard Records. Во 2010 г. го снимиле своето демо од 4 песни, со тогашниот гитарист Марин Миленковски. Почетокот на 2013 г. Марин ја напуштил групата а на негово место дошол Мартин Николовски.

Албумот го снимале во периодот од јуни до август во Almost Famous Studio под водство на Горан Ристевски кој го работи цел албум.

По снимањето на албумот во бендот се приклучил и вториот гитарист Иван Петровски. Ликовното решение на омотот е направено од Наско Џорлев.

Имаат настапувано со познатите македонски групи Screaming For Change, Hardfaced, SMUT, а исто и со странските групи како Take Offense, Trial, Run With The Hunted, Anchor, Questions, United and Strong, Delusion и други.

Членови[уреди | уреди извор]

Албуми[уреди | уреди извор]

„This is how they look at us“ е првиот албум на Outlaw снимен во 2013 година, музиката и аранжманот е на Outlaw, а текстот на Наско Џорлев и Outlaw.

Список на песни од албумот „This is how they look at us“[уреди | уреди извор]

  • „Reflection“;
  • „This Is How They Look At Us“;
  • „One Step Ahead“;
  • „Obsolete“;
  • „Your Hopes“;
  • „The Well Of Truth“;
  • „Point Of View“;
  • „Nothing As It Seems“;
  • „The Fallen“;
  • „For Today“.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]