Славко Поп Антовски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Д-р Славко Поп Антовски (Прилеп, 21 ноември 1913 - 17 јануари 1997) — македонски универзитетски професор, еден од основачите на Земјоделско-шумарскиот факултет во Скопје и негов прв декан.

Дипломирал на Земјоделскиот факултет во Белград. Учесник е во НОБ од 1941 година и бил делегат на Првото заседание на АСНОМ.

По војната бил помошник-министер за земјоделство и шумарство на НРМ; член на Сојузниот совет на Југославија за научна работа; проректор на Универзитетот во Скопје; народен пратеник во Собранието на НРМ. По формирањето на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, избран за декан на новооснованиот Земјоделско-шумарски факултет во Скопје. На оваа функција, заедно со Наставно-научниот колегиум, има многу значаен придонес во втемелувањето и развојот на високошколската настава по земјоделство и шумарство и во развојот на научно-истражувачките активности во РМ. Неговите научно-истражувачки активности се насочени кон проучување и разрешување на низа проблеми од агроекологијата и агротехниката. Ги предавал наставно-научните дисциплини општо полјоделство со агроекологија и заштита од ерозија.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Македонска енциклопедија, МАНУ, Скопје, 2009, том 2, стр. 1179.