Секемиб-Перенмаат

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Секемиб
Секемиб-Перенма'ат
Вазна од алабастер на која е запишано двојното име на Секемиб
Фараон на Египет
Владеелоколу 2720 г. п.н.е., Втора египетска династија
Претходникне е сигурно, Перибсен?, Нинечер?
Наследникне е сигурно, Перибсен? Касехемви?
ЗакопанНепознато

Секемиб-Перенмаат (или едноставно Секемиб), е Хорусово имет на раноегипетски крал кој владеел за време на Втората династија. Слично на неговиот претходник, наследник или ко-владетел Сет-Перибсен, Секемиб е добро потврден во археолошките записи од негово време, но тој не се појавува во ниту еден постхумен документ. Точната должина на неговото владеење е непозната и неговата локација за погреб допрва треба да се најде.[1]

Извори на името[уреди | уреди извор]

Името Секемиб е познато од отпечатоци од печати и од натписи на садови направени од алабастер и бреча. Тие биле пронајдени на влезот од гробот на Перибсен во Абидос, во подземните галерии под Скалестата пирамида на (3-та династија) крал Џосер во Сакара и на едно ископано место во Елефтин.[1][2][3][4]

Серех со името Секемиб е необично, бидејќи тоа е прв случај во египетската историја каде името е проширено со епитет. Покрај првото име, Секем-иб, неколку отпечатоци од печат и натписи од камени садови го покажуваат епитетот Перенма'ат во внатрешноста на серехот. Секемиб ги користел двете форми на името, хорусовото име и двојното име, во исто време. Египтолозите како Херман те Велде и Волфганг Хелк мислат дека двојното име на Секемиб се користело кога египетската држава била поделена на две независни кралства. Се чини дека Секемиб се обидел да ја нагласи мирната политичка ситуација што во тоа време владеела во Египет.

Идентитет[уреди | уреди извор]

Вазна на Секемиб со натпис на десната страна. Од десно се чита: Кралот на Горен и Долен Египет, Секемиб-Перенмаат, а од лево се чита: администраторот на куќата на бакар, богот слуга на Керти, Национален археолошки музеј (Франција) .

Историската фигура на Секемиб е предмет на истрага и дискусии од египтолозите и историчарите до денес. Контрадикторните наоди овозможуваат простор за многу интерпретации и теории.

Египтолозите како Валтер Брајан Емери, Кетрин А. Бард и Флиндерс Петри веруваат дека Секемиб бил иста личност со крал Перибсен, владетелот кој го поврзал неговото име со богот Сет и кој веројатно владеел само со Горниот Египет. Емери, Бард и Петри укажуваат на неколку глинени печати кои биле пронајдени во гробот на влезот на некрополата на Перибсен. Гробницата на Секемиб сè уште не е пронајдена.[2][5][6][7]

Спротивно на тоа, египтолозите, како што се Херман Александар Шлегл, Волфганг Хелк, Питер Каплони и Јохем Кал веруваат дека Секемиб бил друг човек, и не бил Перибсен. Тие истакнуваат дека глинените печати биле пронајдени само кај влезот на гробот на Перибсен и дека ниту еден од нив никогаш не ги прикажува имињата Перибсен и Секемиб во еден натпис. Тие ги споредуваат наодите со таблетите од слонова коска на кралот Хотепсекхеми, откриени на влезот од гробот на кралот Ка'а. Затоа, Шлегл, Хелк, Каплони и Кал се убедени дека печатите на Секемиб се само доказ дека Секемиб го погребал Перибсен.[8][9]

Египтолозите како Тоби Вилкинсон и Хелк веруваат дека Секемиб и Перибсен можеле да бидат поврзани. Нивната теорија е базирана вр натписи на камени садови и отпечатоци од печат кои покажуваат сличности во нивните типографски и граматички стилови на пишување. На садовите на Перибсен, на пример, се прикажува ознаката "ini-setjet" („данок на народот на Сетре“), додека натписите на Секемиб го означуваат "ini-chasut" („данок на пустинските номади"). Уште една индикација за односот помеѓу Перибсен и Секемиб се нивните имиња на серехот, бидејќи и двајцата ги користат слоговите „пер" и „иб“ во нивните имиња.[10][11]

Египтолозите како Хелк ги идентификуваат Секемиб со името од картуш „Ваџенес“ и го изедначуваат Перибсен со кралот по име Сенед. Египтологот Дитрих Вилдунг мисли слично и го идентификува Секемиб со името на Венег-Небти и Перибсен со Сенед.[8][12]

Владеење[уреди | уреди извор]

Глинен печат на Секемиб

Се чини дека постојат археолошки докази дека Секемиб владеел само во Горниот Египет. Неговото кралство се проширило од Омбос до островот Елефантин, каде што бил основан новиот административен центар наречен „Белата куќа на ризницата“ за време на владеењето на Перибсен.[13] Но, ова останува предмет на дискусија од страна на египтолозите и историчарите за тоа дали, зошто и кога било одлучено да се подели државата.

Фрагмент од диоритна вазна испишана со дел од името на фараонот Секемиб Перенмаат од пирамидата на Џосер, сега во Египетскиот музеј. На натписот се чита (од десно кон лево): „Кралот на Долниот и Горниот Египет, Секемиб-Пер(енма'ат), почит од странци, одредби до. . .“

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Toby A. H. Wilkinson: Early Dynastic Egypt. Routledge, London und New York 1999,
  2. 2,0 2,1 William Matthew Flinders Petrie & Francis Llewellyn Griffith: The royal tombs of the first dynasty. Volume II., Trübner & Co., London, 1900, page 7, 14, 19, 20 & 48.
  3. Pierre Lacau und Jan-Phillip Lauer: La Pyramide a Degrees IV. – Inscriptions Gravees sur les Vases: Fouilles à Saqqarah. Service des antiquités de l'Égypte, Cairo, 1936. page 18 und 91, Bildtafel 39.
  4. Jeoffrey A. Spencer: Early Dynastic Objects. British Museum Publications, London 1980, page 76–78; Obj. No. 278.
  5. Walter Bryan Emery: Ägypten - Geschichte und Kultur der Frühzeit. Fourier, Munich 1964, page 106.
  6. J. P. Pätznik in: Mitteilungen des Deutschen Archäologischen Instituts Abteilung Kairo (MDAIK), 1999. page 54.
  7. Kathryn A. Bard: The Emergence of the Egyptian State. in: Ian Shaw: The Oxford History of Ancient Egypt. page 86.
  8. 8,0 8,1 Wolfgang Helck: Untersuchungen zur Thintenzeit. (Ägyptologische Abhandlungen, Volume 45), Otto Harrassowitz, Wiesbaden 1987, , page 104–111 & 183.
  9. Hermann A. Schlögl: Das Alte Ägypten. Geschichte und Kultur von der Frühzeit bis zu Kleopatra. Verlag C. H. Beck, München 2006, , page 78.
  10. Siegfried Schott: Altägyptische Festdaten. Verlag der Akademie der Wissenschaften und der Literatur, Mainz/Wiesbaden 1950, page 55.
  11. Toby Wilkinson: Early Dynastic Egypt. page 90–91; see also: Walter Bryan Emery: Ägypten – Geschichte und Kultur der Frühzeit. page 106.
  12. Dietrich Wildung: Die Rolle ägyptischer Könige im Bewußtsein ihrer Nachwelt. Volume I: Posthume Quellen über die Könige der ersten vier Dynastien. Münchener Ägyptologische Studien, Volume. 17, Deutscher Kunstverlag, Munich/Berlin, 1969. page 14 & 250.
  13. Jean-Pierre-Pätznik: Die Siegelabrollungen und Rollsiegel der Stadt Elephantine im 3. Jahrtausend vor Christus. Archaeopress, Oxford (UK) 2005, , page 64–66.