Сенед

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Сенед
Сенед, Сенеџ,Сетенес
Картуша со името на Сенед (картуша број 13)
Фараон на Египет
Владеел2773-2753 п.н.е или подоцна, Втора династија
ПретходникВеѓенес или Венег
Наследникнепознато; Сехемиб, Перибсен, Неферкара I

Седед (Седеди, Сенеџ - „ужасен владетел") бил древен египетски фараон од втората династија (ран династички период на Египет), владеел околу 2790 г. п.н.е.

Торинскиот кралски канон споменува дека должината на владеењето на Сенед била повеќе од 70 години[1], а Мането споменува 41 години.[2] Повеќето експерти претпоставуваат дека владеел околу 26 години.

Сенед е еден од најконтроверзните владетели на Втората династија, бидејќи неговото име прикажано во картушата почесто се појавува во подоцнежниот период отколку во текот на неговото владеење.

Во сите познати списоци на египетски фараони, Сенед се споменува како петти владетел на втората египетска династија и директен наследник на Венег. Можно е да владеел само со Долниот Египет.

Претходник
Ваѓенес
Фараон на Египет Наследник
Сет-Перибсен

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Торински список на кралеви
  2. Валтер Брајан Емери: ѓиптен. Geschichte und Kultur der Frühzeit . Фурие, Висбаден 1964, стр. 275.