Скалеста пирамида

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Месечевата пирамида, Теотивакан, пример за огромна скалеста пирамида

Изградбата на скалести прамиди е дел од неколку древни култури. Овие пирамиди и од неколку слоја или скали, направени од камен. Разните пирамиди произлегле независно една од друга бидејќи немало врски помеѓу цивилизациите кои ги граделе.

Стар Египет[уреди]

Џосеровата пирамида во Сахара

Првите египетски пирамиди биле скалести пирамиди. За време на Третата династија (XXVII век п.н.е.), архитектот Имхотеп ја изградил првата пирамида во египет, наречена Џосерова пирамида, со тоа што градел шест последователно помали мастаби (постар облик на гробница) една врз друга. Подоцнежните фараони, меѓу кои Сехемхет и Хаба, изградиле слични градби.

Меѓутоа веќе за време на Четвртата династија почнале да се градат правилни пирамиди. Првата пирамида со рамни страни (во Мејдум), најпрвин била скалеста пирамида на фараонот Хуни. Подоцнежните паметници на Снеферу, Свитканата пирамида и Црвената пирамида кај Дашур, биле првите правилни пирамиди изградени од нула, и со оваа иновација скалестите пирамиди престанале да постојат во Египет.

Предколумбовска Америка[уреди]

Најпродуктивни градители на скалести пирамиди биле предколумбовските цивилизации. Рушевините од скалестите пирамиди ги наоѓаме ширум мајанските градови на Јукатан, како и кај ацтечката, толтечката и инка архитектурата. Во многу случаи биле градени последователни нивоа врз постоечки градби, и со тоа пирамидите се ширеле на цикличка база. Ова важи за Големата Чолулска пирамида и Големата Теночтитланска пирамида.

Видете исто така[уреди]