Седир

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Седир
Sedir
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 408: Malformed coordinates value
Географија
МестоЕгејско Море
Координати36°59′N 28°12′E / 36.983° СГШ; 28.200° ИГД / 36.983; 28.200
Управување
Ил (провинција)Мугла


Седир (турски: Sedir) — мал остров во Гековскиот Залив во Егејското Море на југозапад на Турција. Влегува во состав на реонот Ула во провинцијата Мугла. Неофицијално се нарекува „Клеопатрин Остров“.

Островот е познат по своите плажи со редок златест песок. Според легендите кои ги раскажуваат локалните водичи, овој уникатен песок бил донесен со галии од Египет специјално за кралицата Клеопатра. Таа на островот се сретнала со својот љубен Марко Антониј. Секое зрно песок од плажата е речиси совршена сфера. Плажата е под заштита на Министерството за култура на Турција како национално богатство, така што е забрането влегување со обувки, поставување крпи и пушење. За песокот да остане на плажата во близина на влезот поставени се тушеви со свежа вода. Влезот на плажата се плаќа.

Покрај плажата, на островот се наоѓаат и урнатините на античкиот град Кедраи. Од древните градби сочувани се храмот на Аполон, амфитеатарот и остатоци од некрополата. Името „Кедраи“ во превод од грчки значи „кедар“, иако не е познато дали таков вид дрво има на островот. Градот е опкружен со ѕид. Храмот на Аполон е изграден во дорски стил. Добро сочуваниот амфитеатар се наоѓа во северниот дел на античкиот град и е ориентиран на север. За време на Пелопонеската војна, градот Кедраи кој бил на страната на Атина, бил заземен од спартанскиот командант Лисандр, а неговите жители биле поробени. Овие настани подробно ги опишал историчарот Ксенофонт, истакнувајќи дека жителите на Кедраи биле полуварвари[1].

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Tourism Directorate of Muğla Governorship. „General information on Sedir Island, Muğla“. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]