Северноатлантски договор
Страна за автентикација на Северноатлантскиот договор | |
Тип | воен сојуз |
---|---|
Место | Вашингтон |
На сила од | 24 август 1949 |
Услов | Ratification by the majority of the signatories including Belgium, Canada, France, Luxembourg, the Netherlands, the United Kingdom, and the United States |
Странки | 30 |
Чувар | Влада на Соединетите Американски Држави |
Јазици | француски, англиски |
Целосен текст | |
North Atlantic Treaty на Викиизвор |
Северноатлантски договор, понекогаш нарекуван Вашингтонски договор — договор кој е спроведуван од Северноатлантската договорна организација, и кој претставува нејзина правна основа. Договорот бил потпишан во Вашингтон на 4 април 1949 година од комитет предводен од американскиот дипломат Теодор Ахилес. Претходни тајни разговори се воделе во Пентагон помеѓу 22 март и 1 април 1948 година. Ахилес му оддава признание на американскиот дипломат Џон Д. Хикерсон за најважните делови од договорот.[1]
Со потпишување на Северноатлантскиот договор, страните се решени „да ја заштитат слободата, заедничкото наследство и цивилизација на народите, засновани врз принципите на демократија, поединечна слобода и владеење на правото“.
Членки
[уреди | уреди извор]- Членки основачки
Следните дванаесет држави го потпишале договорот и со тоа станале основачки членки на НАТО:
- Белгија
- Данска
- Исланд
- Италија
- Канада
- Луксембург
- Норвешка
- Обединето Кралство
- Португалија
- САД
- Франција
- Холандија
- Подоцнежни членки
Следните 18 држави се приклучиле на договорот по 12-те држави основачи:
- Грција (1952)[2]
- Турција (1952)
- Германија (1955)[3]
- Шпанија (1982)
- Полска (1999)
- Унгарија (1999)
- Чешка (1999)
- Бугарија (2004)
- Естонија (2004)
- Латвија (2004)
- Литванија (2004)
- Романија (2004)
- Словачка (2004)
- Словенија (2004)
- Албанија (2009)
- Хрватска (2009)
- Црна Гора (2017)
- Македонија (2020)
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Theodore Achilles Oral History Interview“. Truman Library. Архивирано од изворникот на 2018-07-20. Посетено на 29 мај 2014.
- ↑ Се приклучила како Кралство Грција.
- ↑ Се приклучила како Западна Германија.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|