Светски ден на поезијата

Од Википедија — слободната енциклопедија
Светски ден на поезијата
Го празнува(ат)Членки на ООН
Почнува1999
Датум21 март
ПрославаУНЕСКО
ОбичаиПромоција на поезијата

Светскиот ден на поезијата се одбележува на 21 март и бил прогласен од УНЕСКО (Организацијата за образование, наука и култура на Обединетите нации) во 1999 година, „со цел да се поддржи јазичната разновидност преку поетско изразување и да се зголеми можноста да се чујат загрозените јазици“.[1] Негова цел е да го промовира читањето, пишувањето, објавувањето и предавањето поезија низ целиот свет и, како што се вели во оригиналната декларација на УНЕСКО, „да им даде свежо признание и поттик на националните, регионалните и меѓународните поетски движења“.

Вообичаено се славел во октомври, но во вториот дел на 20 век светската заедница го славела на 15-ти, роденденот на Виргилиј, римскиот епски поет и поет лауреат за време на Август. Традицијата денот на поезијата да се одржува во октомври за прославa на националниот или меѓународниот ден на поезијата сè уште се одржува во многу земји.[2] Обединетото Кралство генерално го користи првиот четврток во октомври,[3] но на други места се слави на различен во октомври, па дури и понекогаш и во ноември.

Светскиот ден на поезијата за 2021 година во седиштето на УНЕСКО во Париз бил посветен на прославата на 100-годишнината од раѓањето на големиот македонски поет, писател, литературен преведувач и јазичен научник Блаже Конески.[4] Во исто време било објавено дека британската поетеса Керол Ен Дафи е добитничка на наградата „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата за 2021 година.[5]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „World Poetry Day, 21 March“. www.un.org (англиски). Посетено на 2020-03-21.
  2. 41 countries observed World Poetry Day on 15 October 1951. Ref. cited: The International Who's Who in Poetry 1978-79. Ernest Kay, Ed. International Biographical Council, Cambridge, England.
  3. National Poetry Day, United Kingdom
  4. „World Poetry Day 2021“. YouTube. Посетено на March 24, 2021.
  5. „Struga Poetry Evenings“. Посетено на March 24, 2021.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]