Санде Алексоски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Санде Алексоски
Роден 1924 година
Орланци (Кичевско), Македонија под окупација на Кралство СХС
Починал 1945 година
Теренот помеѓу Куманово и Врање
Националност Македонец

Санде Љубев Алескоски ( 1924 во Орланци (Кичевско)1945 во близина на Врање, Србија) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Тој немал можност да се школува, па затоа останал во своето село и се занимавал со земјоделие. Определен за борба против фашистичкиот окупатор, во есента 1944 година се приклучил во единиците на Четириесет и осмата дивизија. Починал на пат за Срем во зимата 1945 година, на теренот помеѓу Куманово и Врање.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 37.