Прејди на содржината

Село (средина)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Рурала)

Село или рурала е ретко населена животна средина вон влијанијата од урбаните градови. Во овие краишта има населени места (села), ненаселени места за стопански активности и дивина. Луѓето кои живеат на село обично се нарекуваат селани и работат на фарма или во други индустриски гранки.

Руралноста на едно место се мери по густината на населението (населеноста). Така, поретко населените места се сметаат за порурални.

На село луѓето се занимаваат со земјоделство и сточарство, но и шумарство, рударство, експлоатација на други природни ресурси, како и туризам (селски туризам).

Начинот на живот на село се раликува од градскиот, главно по ограниченоста на услужните дејности, особено јавните служби. Државните служби како полицијата, училиштата, противпожарните служби и библиотеките постојат, но се со ограничен опфат, или пак се недостапни за пооддалечените заедници. Јавните услуги како водовод, канализација, улично осветлување и комунална хигиена генерално постојат во поголемите места. Јавниот превоз е ограничен или го нема, и затоа луѓето обично имаат свои возила. Доколку ова е непрактично, тие пешачат, возат велосипеди или јаваат животни како коњи, магариња или камили, зависно од тоа каде живеат.

Поврзано

[уреди | уреди извор]