Руме

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Руме
Rhume in Elvershausen.jpg
Браната Руме во Елферсхаузен
Место Долна Саксонија, Германија
Должина 48 км
Извор кај Румшпринге
51°35′23″ СГШ; 10°18′36″ ИГД / 51.589738° СГШ; 10.310020° ИГД / 51.589738; 10.310020Координати: 51°35′23″ СГШ; 10°18′36″ ИГД / 51.589738° СГШ; 10.310020° ИГД / 51.589738; 10.310020
Висина на изворот 160 м над мор. ниво
Утока во Лајне кај Нортхајм
51°43′47″ СГШ; 9°56′59″ ИГД / 51.7297° СГШ; 9.9496° ИГД / 51.7297; 9.9496
Висина на утоката 116 м над мор. ниво
Спуст 44 м
Слив Везер
Одлив Лајне → Алер → Везер → Северно Море
Слив 1.193,4 км² [1]
Истек
со Нортхајм мерило[2]
Рекордно низок:     5,32 м³/С (во 25.08.2001)
Просечен низок:    6,63 м³/с
Просечен среден:   16,9 м³/с
Просечен висок: 116 м³/с
Рекордно висок:   168 м³/с (во 30.09.2007)
Десни притоки Одер, Зезе
Леви притоки Елер, Хале
Помали градови Нортхајм
Главниот извор на Руме
Руме неколку метри зад нејзиниот извор
Руме во зима во Катленбург

Руме (германски: Rhume) — десна притока на реката Лајне, долга 48 километри, во јужниот дел на сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.

Нејзиниот извор е најобилен карстен извор во Средна Европа. Водата потекнува од подземни притоки од планинскиот масив Харц.

Извор[уреди | уреди извор]

Изворот на Руме се наоѓа во источниот дел на Ротенберг, недалеку од североисточниот дел на општината Румшпринге и е достапен на неколку минути од еден паркинг.

Тек[уреди | уреди извор]

Руме тече од нејзиниот извор низ Румшпринге и потоа главно кон северозапад преку Гиболдехаузен и Билсхаузен. Подоцна, во неа се влива Одер, која не само што е подолга, туку и со поголем проток на вода. Неколку километри понатаму во Руме се влива Зезе, уште една силна притока од Харц. На крајот се влива северозападно од Нортхајм во Лајне. Тука тече со 16,5 м³/с просечно, многу повеќе отколку Лајне (9,8 м³/с[3]).

Места[уреди | уреди извор]

Места низ кои поминува Руме:

Притоки[уреди | уреди извор]

Притоки на Руме се (во заградите се местата на устието):

леви десни
  • Елер (Ридерсхаузен)
  • Хале (Гиболдехаузен)
  • Ерше Беке (Билсхаузен)
  • Гилерсхајмер Бах (Линдау)
  • Катленбах (Катленбург)
  • Хаменштетер Бах (Хаменштет)
  • Хорлингсграбен (Нортхајм)
  • Кребсграбен (Румшпринге)
  • Вајербах (Ридерсхаузен)
  • Хинербах (Волерсхаузен)
  • Линебах (Волерсхаузен)
  • Бремкебах (Гиболдехаузен)
  • Зитенбах (Гиболдехаузен)
  • Одер (Катленбург)
  • Ландвербах (Берка)
  • Зезе (Елферсхаузен)
  • Елферсхојзер Бах (Елферсхаузен)
  • Шлербах (Елферсхаузен)
  • Зисмилхбах (Хаменштет)
  • Унбах (Нортхајм)

Водени спортови[уреди | уреди извор]

Руме е пловна преку целата година за кајаци и кануа, кои можат да се изнајмат.

Хидроенергија[уреди | уреди извор]

Во Нортхајм се користат водите на Руме во хидрокинетична централа со 650 KW моќност.[4] Покрај таа, постојат помали централи во Елферсхаузен и Катленбург.[5]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Thüringer Landesanstalt für Umwelt (Hrsg.): Gebiets- und Gewässerkennzahlen. (Verzeichnis und Karte). Jena 1998, Шаблон:DNB.
  2. „Deutsches Gewässerkundliches Jahrbuch Weser-Ems 2008“ (PDF) (German). Niedersächsischer Landesbetrieb für Wasserwirtschaft, Küsten- und Naturschutz. 2012. конс. 2012-10-07. 
  3. nach Untersuchungen für eine hydrologische Simulation (Diss. Bonn 2003)
  4. bsc: Rhume sorgt in der Stadt für grünen Strom In: Hessisch Niedersächsische Allgemeine Zeitung. Nr. 81 vom 6. April 2011, S. 1.
  5. Kristian Schlegel: Wasserkraft ist im Kommen In: Hessisch Niedersächsische Allgemeine Zeitung. Nr. 81 vom 6. April 2011, S. 2.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]