Рудолф III (војвода на Саксонија-Витенберг)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Рудолф III
Војвода од Саксонија-Витенберг
Изборен кнез на Саксонија
Владеење1388–1419
ПретходникВенцел I
НаследникАлбрехт III
Роден(а)ок.  1373
Витенберг
Починал(а)11 јуни 1419(1419-06-11)
Бохемија
Закопан(а)Витенберг
Благородно семејствоАскани
Сопружник(ци)Ана
Барбара
ТаткоВенцел I
МајкаСесилија

Рудолф III (германски: Rudolf III, роден во 1373 во Витенберг- починал на 11 јуни 1419) — владетел од династијата Аскани како изборен кнез од Саксонија во периодот од 1388 до 1419 година.

Рани години[уреди | уреди извор]

Тој бил најстариот син и наследник на Венцел I и на Сесилија.

Управување[уреди | уреди извор]

По смртта на неговиот татко, тој го презел во 1388 година управувањето на Саксонија-Витенберг. Долги години Рудолф III бил во конфликт со архиепископот на Магдебург.

Во 1419 година царот Сигизмунд го испратил во Бохемија да го задуши првото востание на хуситите во Прага (Хуситски војни). Тој починал по патот за Бохемија. Се смета дека најверојатно бил отруен. Рудолф бил погребан во палатската црква во Витенберг. Во 19 век бил преместен во црквата на дворецот и за време на Втората светска војна во семејна гробница.

Рудолф III во 1419 година бил наследен од помалиот брат Албрехт III.

Семејство[уреди | уреди извор]

Рудолф III во 1387/1389 година се оженил за Ана од Мајсен.

На 6 март 1396 година се оженил за Барбара со која имала 5 деца:

  • Схоластиката
  • Рудолф
  • Венцел
  • Сигмунд
  • Барбара

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Рудолф III (војвода на Саксонија-Витенберг)
Роден(а): ок. 1373 Починал(а): 11 јуни 1419
Претходник
Венцел I
Изборен кнез на Саксонија
1388–1419
Наследник
Албрехт III