Рудник „Казандол“

Координати: 41°17′00″N 22°33′17″E / 41.28333° СГШ; 22.55472° ИГД / 41.28333; 22.55472
Од Википедија — слободната енциклопедија
Поглед на дел од напуштениот рудник „Казандол“

Казандол — напуштен планиран рудник на бакарна руда во непосредна близина на селото Казандол.[1]

Планираниот рудник ќе се протегал на подрачјето на атарите на селата Казандол (во најголем дел) и Брајковци, како и градот Валандово (сите од Општина Валандово), како и градот Богданци (од Општина Богданци) и селото Фурка (од Општина Дојран).

Местоположба[уреди | уреди извор]

Рударскиот комплекс бил предвиден да се подигне во југоисточна Македонија, во област на ридест терен помеѓу Дојран, Богданци и Валандово, на ридовите наречени Погана свртен со поглед кон Валандовското Поле.[1]

Опис[уреди | уреди извор]

По својата генетска припадност, наоѓалиштето на бакар во подрачјето на месноста Казандол припаѓа кон егзогената генетска серија на наоѓалишта и претставува типична железно-манганска-бакарна капа со содржина на бакар во дијапазон од 0,06% до 0,45% бакар.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Планирани објекти кај рудникот

Во текот на 2014 година биле извршени детални геолошки истражувања на минерални суровини.[1]

Во 2017 година, граѓанската иницијатива „Спас за Валандово“ побарала да се стопира изградбата на рудникот преку организирање на локален референдум во Општина Валандово.[2] Истата година, иницијативата побарала од Советот на Општина Валандово да распише локален референдум, но точката не била поставена на дневен ред поради противење на тогашниот градоначалник Николче Чурлиновски и партијата ВМРО-ДПМНЕ.[3]

На 4 мај 2017 година, Советот на Општина Богданци едногласно донел одлука за распишување на локален референдум, на кој граѓаните биле повикани на 11 јуни 2017 година да се изјаснат за две прашања: првото за запирање на изградбата на рудникот „Казандол“ и второто за дали ќе се дозволи било каква експлоатација на руда во границите на општината.[4] Скоро едногласно граѓаните гласале против изградбата на овој рудник и на други рудници на подрачјето на општината.[5]

На 12 мај 2017 година, Советот на Општина Валандово сепак дозволил граѓанската иницијатива „Спас за Валандово“ да собере 2.000 потписи со кои локалната самоуправа ќе може да распише локален референдум. Во меѓувреме, Општина Дојран закажала референдум за две прашања за рудниците „Казандол“ и „Башибос“ на 18 јуни 2017 година.[6] Сепак, одлуката за референдумот во Дојран пропаднала откако тогашниот градоначалник Борче Стамов не ја потпишал и советниците повторно донеле одлука за организирање на локален референдум на 23 јули 2017 година, но само за едно прашање, односно изјаснување дали се за дозвола на отворање било какви рудници на територијата на општината.[7] Исходот на референдумот бил скоро едногласно против отворање на рудници на подрачјето на Општина Дојран.[8]

Иако двете опфатени општини Богданци и Дојран ги донеле одлуките за локален референдум, во Општина Валандово референдумското прашање заглавило во Советот на општината, при што претседателката на Советот Јасмина Сечкова не закажувала седница на која ќе се изгласа ваква одлука.[9] Подоцна, иако Советот на крај донел ваква одлука, градоначалникот на Валандово ја стопирал истата одлука на Советот со решение, бидејќи според него истата одлука не била согласно законските прописи.[10] Дури на 10 јули, Советот донесува крајна одлука за распишување на локален референдум на 20 август 2017 година.[11] Овој референдум бил неуспешен поради неисполнување на законскиот цензус.[12]

По сите овие локални референдуми, Владата на Македонија еднострано го раскинала договорот, бидејќи концесионерот „Сардич МЦ“ не го исполнил условот да изгради постројка за експлоатација на катоден бакар во рок од две години.[13]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Студија за оцена на влијанието на животната средина: Рударски комплекс „Казандол" (PDF). Министерство за животна средина и просторно планирање. јануари 2015 г. Посетено на 24 февруари 2024. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  2. „РУДНИКОТ КАЗАНДОЛ ЌЕ ГО УБИЕ ЕКО-ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО, И ВАЛАНДОВО БАРА РЕФЕРЕНДУМ“. Сакам Да Кажам. 2017-04-11. Посетено на 2024-02-24.
  3. „ВМРО ДПМНЕ НЕ ДОЗВОЛИ РЕФЕРЕНДУМ ВО ВАЛАНДОВО ЗА РУДНИКОТ КАЗАНДОЛ“. Сакам Да Кажам. 2017-04-27. Посетено на 2024-02-25.
  4. „БОГДАНЦИ НА 11 ЈУНИ НА РЕФЕРЕНДУМ ЗА СТОПИРАЊЕ НА РУДНИКОТ КАЗАНДОЛ“. Сакам Да Кажам. 2017-05-04. Посетено на 2024-02-25.
  5. Богданци кажа НЕ, стоп за рудникот Казандол, Вест, 11.06.2017[мртва врска]
  6. „ВАЛАНДОВО ЌЕ СОБИРА ПОТПИСИ ЗА РЕФЕРЕНДУМ, ДОЈРАН НА 18 ЈУНИ ЌЕ ИМА РЕФЕРЕНДУМ ЗА ИЛИ ПРОТИВ РУДНИЦИТЕ“. Сакам Да Кажам. 2017-05-13. Посетено на 2024-02-25.
  7. „НА 23 ЈУЛИ РЕФЕРЕНДУМ ПРОТИВ РУДНИЦИ ВО ДОЈРАН, НО НЕ И ПРОТИВ КАЗАНДОЛ“. Сакам Да Кажам. 2017-06-19. Посетено на 2024-02-25.
  8. „Дојранци против рудници во нивната општина“. Радио Слободна Европа. 2017-07-23. Посетено на 2024-02-25.
  9. „ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА СОВЕТОТ НЕМА ДА СВИКА СЕДНИЦА ЗА РЕФЕРЕНДУМ ПРОТИВ КАЗАНДОЛ ВО ВАЛАНДОВО“. Сакам Да Кажам. 2017-06-28. Посетено на 2024-02-25.
  10. „ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЧУРЛИНОВСКИ НЕ ДОЗВОЛУВА РЕФЕРЕНДУМ ВО ВАЛАНДОВО“. Сакам Да Кажам. 2017-07-07. Посетено на 2024-02-25.
  11. „ВАЛАНДОВO НА 20 АВГУСТ НА РЕФЕРЕНДУМ ЗА КАЗАНДОЛ И РУДНИЦИ, РЕШИ СОВЕТОТ“. Сакам Да Кажам. 2017-07-10. Посетено на 2024-02-25.
  12. „РЕФЕРЕНДУМОТ ВО ВАЛАНДОВО НЕ УСПЕА“. Сакам Да Кажам. 2017-08-20. Посетено на 2024-02-25.
  13. „ВЛАДАТА ЕДНОСТРАНО ГО РАСКИНА ДОГОВОРОТ ЗА КАЗАНДОЛ“. Сакам Да Кажам. 2018-03-27. Посетено на 2024-02-25.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

41°17′00″N 22°33′17″E / 41.28333° СГШ; 22.55472° ИГД / 41.28333; 22.55472