Рајчанска Купа

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Рајчанска Купа
Рајчанска Купа is located in Македонија
Рајчанска Купа
Рајчанска
Купа
Највисока точка
Надм. вис.867 м [1] (Рајчански Рид)
Координати41°55′23″N 22°16′01″E / 41.92306° СГШ; 22.26694° ИГД / 41.92306; 22.26694Координати: 41°55′23″N 22°16′01″E / 41.92306° СГШ; 22.26694° ИГД / 41.92306; 22.26694
Величина
Површина25 км2
Географија
РегионКочанско, Источна Македонија

Рајчанска Купавулканска образба во Кочанско која се протега меѓу селата Врбица, Соколарци, Спанчево и Рајчани. Претставува најјужната морфолошки подобро изразена вулканска структура во Кратовско-злетовската област. Целата структура зафаќа површина од околу 25 км2[1]. Денес од некогашната купа со големи димензии останале две калдери, надворешна и внатрешна, (подобро морфолошки сочувани од северната страна).

Надворешната калдера ја чинат гребените на Рајчански Рид (867 м) на север и Илиица (803 м) на запад.[1]

Внатрешната калдера е подобро изразена во релјефот и ја сочинуваат сртовите на Блатец (835 м) на север, Божурњак (767 м) на исток и неколку помали возвишенија на запад. Двете калдери од јужната страна се пресечени со изворишните делови на Змијарник и Соколарска Река, што ја отежнува нивната морфолошка реконструкција. Трагите од течење на андензитската лава, подобро се воочливи на северната страна. Вулканокластичниот материјал е претставен со вулкано-наносни бречи и во помала мерка андезитски туфови, претежно таложени во водена средина. Нивната положба и состав укажуваат на долноплиоцена вулканска активност. Инаку пространи-те калдери и моќниот вулканокластичен материјал се доказ за жестоките избиви на овој простор. Околу Рајчанските калдери се забележани неколку ниски возвишенија, кои претставуваат мали паразитски купи. Тоа се: Св. Ѓорѓи (570 м), Голак (559 м) од јужната страна; Баково (596 м) над с. Трипатанци на запад и други[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Група автори (2016). „Вулканска купа Васов Град“. Студија за геодиверзитетот и геонаследството на Република Македонија и другите компоненти на природата. Скопје: Министерство за животна средина и просторно планирање. стр. 140-141. ISBN 978-9989-110-90-0. http://www.moepp.gov.mk/wp-content/uploads/2016/12/STUDIJA_PRIRODA.pdf.