Разговор со корисник:Petrova Iva

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија

Добре дојде!

Здраво, Petrova Iva, и добредојде на Википедија! Благодариме за Вашите придонеси. Се надеваме дека Ви се допадна местото и одлучивте да останете. Еве некои страници кои можат да Ви бидат од помош:

Се надевам дека ќе уживате во уредувањето и во тоа што сте википедијанец! Ве молам потпишувајте ги вашите пораки на страниците за разговор користејќи четири тилди (~~~~); ова автоматски ќе го внесе Вашето корисничко име и датумот. Ако ви треба помош, видете Портал/Помош, слободно обратете ми се мене, или поставете го прашањето на оваа страница и ставете {{помош}} пред прашањето. Повторно, добре дојде! --Р ашо 00:46, 2 јуни 2011 (CEST)[одговори]

Вашата стаија за Ил Бил се наоѓа тука. На тоа место слободно можете да ја надополнувате. Поздрав и пријатно уредување.--Р ашо 00:46, 2 јуни 2011 (CEST)[одговори]

Илуминати[уреди извор]

Оваа статија е за групата. За филмот, види ''Илумината (филм)''. За други цели, види ''Илуминати (објаснување)''.

Илуминати (множина од латински illuminatus, “просветлени”) е име дадено на одредени групи, и историски и модерни, како и вистински и фиктивни. Историски, името се однесува посебно на Бавариските Илуминати, тајно друштво на Просветлената ера, основано на 1ви мај, 1776 год.

Во модерното време, исто така се користи за да укаже на наводна организација за заговор која дејствува како сенлива “моќ зад престолот”, наводно контролирајќи ги работите во светот преку денешните влади и корпорации, обично како модерна инкарнација или продолжение на Бавариските Илуминати. Во овој контекст, се верува дека Илуминатите управуваат настани кои ќе доведат до основање на Нов Светски Поредок.

Адам Вајсхаупт, основач

Историја[уреди извор]

Движењето беше основано на 1ви мај, 1776 год., во Инголштат (Горна Баварија) како Поредок на Илуминатите, со почетно членство од петмина, со Езуитот Адам Вајсхаупт († 1830 год.), кој беше првиот професор по канонско право на Универзитетот Инголштат. Движењето беше измислено од атеистите како изданок на Просветлувањето, и се чини дека е моделирано според Масоните.

Во почетокот, Вајсхаупт планирал поредокот да го крсти “Совршените”. Групата исто така е нарекувана и Бавариски Илуминати додека пак, движењето само по себе се нарекува Илуминизам (по илуминизам). Во 1777 год., Карл Теодор стана владетел на Баварија. Тој беше поборник на Просветлениот Деспотизам и во 1784 год., неговата влада ги забрани сите тајни друштва, вклучувајќи ги Илуминатите.

За време на периодот кога на Илуминатите им беше законски дозволено да дејствуваат, голем број влијателни интелектуалци и напредни политичари се сметаа самите себе за членови, вклучувајќи го Фердинанд од Бронсвик и дипломатот Ксавиер фон Цвак, кој беше број два во работата и кога неговиот дом беше пребаран, беше најден голем дел од литературата на групата. Членовите на Илуминати им ветија послушност на своите претпоставени. Членовите се поделија во три мали класи, секоја со неколку степени.

Поредокот имаше свои разграноци во повеќето држави на Европскиот континент; наводно има околу 2,000 членови за период од десет години. Организацијата е атракција за луѓе од книжевноста, како што се Јохан Волфганг фон Гете и Јохан Готфрид Хердер, па дури и за владејачките војводи од Гота и Вајмар. Вајхаупт ја моделираше својата група до некој степен на Масонство, и голем број поглавја од членството, Илуминатите го формираат според постоечката Масонската ложа. Внатрешните несогласувања и паниката едноподруго, претходеа на нејзината пропаст, која беше извршена од страна на Секуларниот Едикт, формиран од Бавариската влада во 1785 год.

Барел и Робинсон[уреди извор]

Едиктот од 2ри март, 1785 год. очигледно беше “смртоносен удар за Илуминатите во Баварија”. Вајсхаупт избегал, а документите од групата беа одземени, за потоа да бидат објавени од страна на владата во 1787 год.

Помеѓу 1787 и 1789 год., беа објавени Мемоарите кои ја Илустрираат Историјата на Јакобинизмот од Агустин Барел и Докази за Заговор од Џон Робинсон, кои ја поддржуваат теоријата дека Илуминатите преживеале и претставиле тековен меѓународен заговор, вклучувајќи го фактот дека тоа било позади Француската Револуција. Двете книги се докажаа како многу популарни, поттикнувајќи ги останатите да цитираат и издаваат, како онаа на Пречесниот Сет Пејсон. Некои одговори беа критички, како книгата на Жан-Жозеф Мони, Влијанието кое се припишува на Филозофите, Масоните и Илуминатите на Револуцијата на Франција.

Стравот на Илуминатите од Нова Англија[уреди извор]

Делата на Робинсон и Барел стигнаа и до САД. Преку Нова Англија, Пречесен Џедајдаја Морс и други проповедници против Илуминатите, нивните отпечатени проповеди, и предметот по весниците. Загриженоста исчезна во првата декада од 1800тата год., иако малку заживеа за време на Анти – Масонското движење од 1820тите и 30тите.

Модерни Илуминати[уреди извор]

Главна статија: Нов Светски Поредок (теорија на заговор)

Писателите како, Марк Дајс, Дејвид Ајк, Текс Марс, Рајан Бурке, Жери Лина и Морган Грајкар, тврдеа дека Бавариските Илуминати преживеале, со веројатност до денешен ден. Многу од овие теории предлагаат дека светските настани се контролирани и манипулирани од страна на тајно друштво, кое себеси се нарекува Илуминати. Теоретичарите на заговор тврдат дека многу значајни луѓе биле или се членови на Илуминатите. Претседателите на САД се честа цел на таквите тврдења.

Во прилог на сенливата тајна организација, одредени модерни братски групи, тврдат дека се “наследници” на Бавариските Илуминати и отворено го користат името “Илуминати” за основањето на своите литургии. Некои, како што се повеќето групи кои се нарекуваат себеси некоја варијанта на “Поредокот Илуминати”, го користат името директно во името на нивната организација, додека пак, други, како што се Ордо Темпли Ориентис, го користат името како оддел за поведување во рамките на нивната организација.

Популарна култура[уреди извор]

Главна статија: Илуминатите во популарната култура

Илуминатите се тема која се повторува во популарната култура. Она што упатува за таков вид организација се појавува во многу измислени дела низ повеќе жанрови, појавувајќи се во новели како Илуминатус! Трилогија од Роберт Ши и Роберт Антон Вилсон, Ангели и Демони од Ден Браун, Паднатите Ангелиод Сузана Келс и Бернард Корнвел, и Илуминатите од Лери Баркет; во филмовите како Лара Крофт: Томб Рајдер, на телевизија како и во анимираното телевизиско шоу на Дизни Гаргојлс; во видео игри како Дос Екс; во стрип серии како Нови Одмаздници: Илуминати; како и во картите за тргување и коцкарските игри како Самрак на Боговите.

Белешки[уреди извор]

   ^ Stauffer 1918, pp. 133-134.
   ^ Stauffer 1918, p. 129.
   ^ McKeown 2009.
   ^ Goeringer 2008.
   ^ Stauffer 1918, p. 134 n. 1.
   ^ Introvigne 2005.
   ^ McKeown 2009.
   ^ McKeown 2009.
   ^ Roberts 1974, p.128-129.
   ^ Payson 1802.
   ^ Simpson 1993, p.88.
   ^ Stauffer 1918, passim.
   ^ Sykes 2009.
   ^ Barkun 2003.
   ^ Penre 2009.
   ^ Howard 2008.
   ^ "Barack Obama" 2009.
   ^ The Illuminati Order Homepage
   ^ Official website of The Illuminati Order
   ^ Bergquist et al. 2008.

Покана за Вики средба[уреди извор]

      Здраво, Petrova Iva!
Сакам да Ве известам дека на 7 јуни 2011, во Скопје ќе се одржи Вики средба, па по тој повод Ве поканувам доколку сте во можност да присуствувате. Целта како и на секоја Вики средба е дружење и запознавање на корисниците кои постојано соработуваат уредувајќи на Википедија, како и дискутирање на теми поврзани и неповрзани со Википедија. Повеќе информации за средбата може да добиете на соодветната страница.

      Поздрав и успешна работа!

--Kiril Simeonovski (разговор) 03:41, 4 јуни 2011 (CEST)[одговори]