Разговор со корисник:Grammata

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија
Почетен курс за Википедија



Grammata, добредојдовте на Википедија на македонски јазик, слободна on-line енциклопедија започната во август 2003 година!

Ве повикуваме на заедничка соработка при создавањето на нови енциклопедиски содржини и подобрување на постоечките 143.567 статии.


Еве неколку страници кои може да ви бидат од помош:


Своите придонеси во статиите не ги потпишувајте, додека коментарите на соодветните страници за разговор, корисничките страници и селската чешма Ве молиме да ги потпишувате на тој начин што ќе притиснете на копчето од лентата со алати или ако напишете 4 тилди (~~~~).

Сопствената корисничка страница (Корисник:Grammata) можете да ја уредувате по сопствена желба во согласност со правилата за уредување на корисничките страници.


Ве молиме не вметнувајте заштитени материјали без дозвола од нивниот сопственик!

Не копирајте содржини од други веб страници ако немате добиено изрична согласност за тоа. Ако имате добиено согласност, напишете го тоа на страницата за разговор или едноставно додадете го тоа овде. Но задолжително, прво тоа направете го, а потоа започнете со вметнување на преземените содржини.

Ве молиме, имајте во предвид дека сите придонеси на Википедија се смета дека се објавени под ГНУ-овата Лиценца за слободна документација.


If you are not able to speak, understand or write Macedonian, please visit our Village Pump for non-Macedonian speakers if you have any suggestions or comments.


Поздрав, -- -{админинстратор}- гитардемон 16:10, 24 април 2009 (UTC)


--brest 10:08, 21 февруари 2008 (UTC)

Кандидат за избрана статија[уреди извор]

Здраво. Имаме нов кандидат за избрана статија. Вашето мислење во врска со оваа статија, може да го дадете овде. Благодарам. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 17:54, 26 септември 2009 (UTC)

Вики средба[уреди извор]

Здраво. Ве известуваме дека на 1 октомври, со почеток во 16:00 ќе се одржи Вики средба, на која Вашето присуство може да го најавите овде.--Kiril Simeonovski (разговор) 19:21, 26 септември 2009 (UTC)

Живко Панев[уреди извор]

Здраво. Сакам да Ви се заблагодарам на придонесот во уредувањето на статијата „Живко Панев“, но начинот на којшто се создадени внатрешните врски не е во склад со правилата на создавање на внатрешни врски на Википедија. Правилно е врските да пренасочуваат кон други статии на Википедија на македонски јазик, а кон надворешни врски може да пренасочуваат само доколку се додадени под соодветниот поднаслов на крајот од статијата. Се надевам на поголемо разбирање во иднина. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:13, 5 декември 2012 (CET)[одговори]

Почитуван г-дин Симеоновски, најљубезно Ви заблагодарувам за укажаните пропусти. Би Ве замолил, дали може со некој краток пример да ми објасните што значи тоа „само доколку се додадени под соодветниот поднаслов на крајот од статијата.“ Имено, би сакал да го направам тоа и колку што може во поголема мерка да ги зачувам тие надворешни врски. Однапред многу Ви благодарам.

Со задоволство ќе Ви објаснам. Може да забележите дека речиси секоја статија на Википедија завршува со наводи, користена литература и надворешни врски (пример). Под делот насловен „Надворешни врски“ се додаваат врски кон страници надвор од Википедија, коишто содржат релевантни податоци во врска со односната тема. Според тоа, технички и поблагодарно сите вакви врски да се додаваат во еден збир на крајот од секоја статија. Се надевам дека сега е појасно. Поздрав и пријатно уредување.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:43, 5 декември 2012 (CET)[одговори]

Здраво, едно мало појаснување во врска со реакцијата на Kiril Simeonovski. Пример, имавте внесено:

(1) [http://fr.wikipedia.org/wiki/Christophe_Levalois Кристоф Левалоа] кое се рендерира како Кристоф Левалоа, што значи дека со клик на линкот веб прелистувачот ќе ве однесе на статијата за Кристоф Левалоа на француската википедија. Што не е правилно форматирање на вматрешни вики врски на википедија.
наместо
(2) [[Кристоф Левалоа]] кое се рендерира како Кристоф Левалоа, и означува линк до статијата за Кристоф Левалоа на македонската википедија, а бидејќи врската е со црвени букви, значи дека истата сеуште не е создадена. Ова е правилно форматирање на внатрешни вики врски на википедија.

Се надевам дека сега се појасни работите околу вики врските и начинот на нивното форматирање и секаде каде што се појавуваат може истите лесно да се исправат. Тоа е случај во статијата за „Живко Панев“, но забележав дека се случува и во статијата „Институт за класични студии“ која исто така вие ја имате скоро уредувано.

За повеќе инфромации околу форматирањето на вики врските погледнете ги следниве страници: Внатрешни врски, Надворешни врски, односно на англиската википедија w:en:Help:Link. Поздрав. --brest (разговор) 23:00, 5 декември 2012 (CET)[одговори]

Ви влагодарам. Сега ќе ја средам страницата.