Википедија:Почетен курс (ВикиПроекти)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Почетен курс   Уредување   Форматирање   Викиврски   ВикиПроекти   Надворешни врски   Страници за разговор   Не заборавајте   Регистрирање   Заклучок    

Википедија е енциклопедија која може да се уредува (а содржи и некои теми кои обично се наоѓаат во алманах). Според тоа, статиите треба да се состојат од енциклопедиски информации за важни теми. Што точно претставува важност на Википедија е тема на многу дебати, но малкумина од нас веруваат дека треба да има статии за секое лице на планетата, за секоја компанија која продава било што или за секоја улица во секој град во светот. Но, сепак, постојат збратимени проекти за некои видови на неенциклопедиски содржини.

Секоја статија која само дефинира некој збор или кратка фраза, треба да се најде во типичен речник, а тоа што не може да се прошири во енциклопедиски статија треба да се вклучи во Викиречник збратимениот проект.

Оригинален изворен текст, како што се книгите објавени во јавен домен, треба да бидат постирани за да станат попристапни, а за таа цел постои другиот збратимен проект на Википедија, Викиизвор.

Поважните збратимени проекти се:
Викиречник - Речник
Викикниги - Бесплатни учебници и прирачници
Викицитат - Збирка цитати
Викиизвор - Библиотека на слободни дела
Викивидови - Директориум на видови
Викивести - Извор на вести со бесплатна содржина
Ризница - Заедничка медиумска колекција
Мета-Вики - Координација на Викимедија проектот

Со Википедија, на македонски јазик активни се уште и Викикниги, Викиречник и Викиизвор . Останатите проекти се достапни на англиски јазик (и/или други светски јазици).