Википедија:Почетен курс (Разговорни страници)
Зоран Стојаноски е роден на 06.01.1970 година во с.Латово, Македонски Брод. Основно и средно образование завршил во Македонски Брод. Педагошка академија завршил во Битола, а Филозфски факултет на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје. Живее и работи во Македонски Брод.
Негови литературни дела се романите „Распетието на мојот татко“ (2020), „Солзите на заборавениот херој (2023) „Раѓањето на Илија“ (2024) и песните „Татковина“ и „103“ (објавени во 2023).

Извадоци од литературните осврти кон романите:
За првиот роман „Распетието на мојот татко“ литературниот критичар Васе Силјаноски ќе истакне: „Темата во романот е од почетокот на 21 век, но и навраќање на крајот од минатиот век кога на Балканот почнува изумирањето и распаѓањето на една убава и силна држава-Југославија и тоа распаѓање неминовно е со војна за која авторот во романот ќе потенцира: ,,Галопот на војната не може никој да го запре, вели Анте, стожерот на сите настани во овој роман и во тие моменти со сите сетила ја почувствував безсмисленоста на војната“. Војници, тенкови, оружје е секојдневна слика околу нас. Белград и Загреб треба да ги тргнат своите закрвавени раце од БиХ, загрижено ќе коментира Јелена по гледањето на необичниот сон што му го кажува на Анте, нејзината прва и единствена љубов, што всушност авторот го користи како вовед во овај роман, роман кој во почетокот ја најавува големата вистинска љубов помеѓу амбициозниот архитект Анте и убавата студентка Јелена, која потекнува од мешан брак помеѓу Србин и муслиманка од БиХ, но за жал нивната голема и обострана љубов ќе се изгуби во бесмислената војна како долгогодишно овенато цвеќе, која можеби некоја ден ќе процвета. За описот на крвавата војна најдобро сведочат зборовите на оние што ја почувствувале на своја кожа и совест, а тука несомнено е Јелена, која го опишува моментот кога на нејзиното семејство sверски се изживуваат бандата од командантот Милан, велејќи: ,,Бев целата соблечена гола и врзана со јажиња за два гроба. Откако заврши со гнасната работа врз мене, почнаа и другите војници да ме силуваат...“ Доказот за вистинската и голема љубов меѓу Анте и Јелена се докажува и по цели 23 години кога Анте оди во Торино да се увери дека неговата прва љубов, Јелена, е жива и при нивната нова средба кога погледите ќе им се совпаднат двајцата остануваат скаменети и без здив како камени статуи, го објаснува тоа авторот со убави стилски фигури.
Истовремено, во тој контекст во овој роман,авторот мошне умешно и сликовито ги опишува страдањата на голем број луѓе кои ги напуштиле своите родни огништа од различни причини заминувајќи во егзил во други земји од Европа. Авторовата мисла не би била целосна доколку не ја споменеме љубовта во овој роман,како главна движечка сила со големо водено коло кое се врти и ги соединува верата, надежта и науката, распнати на верскиот триаголник на различни вери. Исто така, авторот низ многубројни зборови и реченици ја опишува болката на Анте како состојба лична за себе, за својата жена Ингрид, но најмногу за својата ќерка Марија,која ќе се роди во неочекувана и страшна состојба и со последици:со оштетен слух, глувонема и дете кое не може да оди, велејќи: ,,Тешко е да живееш со погледот на детето во инвалидска количка и тој невин детски поглед кој постојано те прогонува.“ Упорноста на Анте за своите најблиски е главна карактеристика на овај стожерен лик во романот што ќе го понесе целиот товар дека ќе се бори за нив. Тоа се гледа уште во почетокот кога Анте со жалостен поглед го моли докторот Магнусон да не ја исклучува неговата ќерка од апарати за живот и да му даде 72 часа да размисли и да и обезбеди живот што подоцна се покажува како исправно, силно верувајќи во Бог и неговите хумани и Божји другари од детството. Хуманоста е една од главните движечки сили на авторот во овај роман за несебична помош за добрите и хумани луѓе и звуците на хуманоста допираат до сите оние на кои им треба топлина љубов помош, посебно тоа важи за Ингрид, кога на Анте му вели: ,,Вечерва повторно се родив?! Се пронајдов во публиката, и за мене тоа е продолжување на животот, но и за животот на девојчето од публиката во инвалидска количка.“ Целокупното дејство во романот авторот го фокусира на саможртвувањето на главниот лик, Анте, кој е распнат по повеќе основи, верска, национална, територијална, морална, финансиска и други на патот исполнет со непроодни трње. Анте тоа го објаснува во разговорот со Јелена после долгогодишна средба. Анте почнува полека и смирено да патува низ минатото, почнува да ја разкажува својата животна приказна за своето распетие. Татковото распетие. Неговото распетие започнува од разделбата со Јелена на мостот во Мостар и кажувањето на чудниот сон од Јелена како пророштво за неговото распетие. Неговото распетие почнува со сеќавањето на разговорот со неговиот татко за кој Анте вели: ,, Така не растеше и воспитуваше, заради тоа јас и брат ми сме деца безбожници, верски обезличени.“ Анте, распнат помеѓу болеста на својата ќерка Марија и барањето лек да проди од една страна, а од друга страна упорноста на својата сопруга Ингрид да ја дознае вистината за своето бебе во еден разговор тој ќе и рече: ,, Еден ден, можеби еден ден се ќе биде поинаку и тој ќе биде откровение и пресвртница за нас двајцата.“ Главниот лик во овај роман не го заобиколуват и финансиските проблеми за операциите на својата болна ќерка и по собирањето на финансиските средства Анте беше најсреќниот татко на светот. И после долготранјата упорност, по 18 години, Анте конечно успеа да го реализира тоа што го вети пред Бог- да и даде живот на ќерката Марија, борејќи се со сите предизвици како долгогодишен маченик кој својот живот го жртвува за своето болно дете. Неговото величествено распетие го почувствува и неговата ќерка Марија читајќи го Дневникот од својот татко и неговото распетие е борба помеѓу живот и смрт, но Анте го избира животот. Авторот на овај емоционален роман мошне сликовито и со добро осмислени зборови и реченици успева да допре до најсензитивните сетила кај читателот што доведува до внимателно читање на содржината. Таинственоста на авторот оди до таму што му остава простор и време на читателот да размислува за можеби идна средба на мајката Ингрид и нејзината невидена ќерка, Марија. Исто така авторот посебно место и акцент во овај роман посветува на теомедицината, како ново верување што претставува интересен спој кое потекнува од дружењето меѓу надбискупот Пиетро и лекарот Белини и со нивна взаемна верба и соработка успеваат да ја излекуваат долго годишната болест на Марија која е редок пример за теомедицината, односно „Господ и го даде животот, а медицината и помага да живее и да и го подобри здравјето.“ Надежта и Божјата помош во авторовиот роман се права литературна патека која што ќе ги изведе сите ликови во денот со светлина и топлина, бидејќи авторот заклучува: ,,Секогаш кога им се помага на луѓето,тоа се прави од љубов и со љубов и љубовта се пренесува, а таа топли,лекува...“ Добро осмислените зборови на авторот во романот се редат како бисери штотуку извадени од водните длабочини, криејќи ја својата таинственост исто како некоја пролетна цреша што ги крие постапките на првобитно созревање и цветање...“

За романот „Солзите на заборавениот херој“ еден од рецензентите, Јасмин Реџепи, меѓу другото ќе напише:
„Интригантен по наслов и длабок по содржина, романот „Солзите на заборавениот херој“ крие една поинаква, но суштинска димензија на одредени историски, но и современи случувања, сосема поинакви од прикажувањата во медиумите. Иако на почетокот дава впечаток дека се занимава со обработување на веќе познати контроверзни теми и случувања, тоа всушност му додава тензија на заплетот и ја буди љубопитноста на читателот која не остава непрочитана страница. Многу од нас се современици на историските случувања кои преку овој случај авторот ги обработува во овој роман, сите ние сме ги следеле истите само преку медиумите, добивајќи една општа слика која сме ја толкувале од различни аспекти. Затоа една од индиректните цели на романов е, запознавајќи ги ди- ректните учесници во овие настани, да ја добиеме човечката сли- ка и преку тие детали подробно да се запознаеме со случувањата и животните приказни за кои воопшто не сме имале престава. Преку вториот протагонист, кој на почетокот на романот не ни помислуваме да го наречеме херој, се запознаваме со па- сивниот отпор кон невистината и мудрата борба за вистината. Бидејќи лесно се суди за друг, посебно кога не се знае целата приказна и позадина на истата, навидум „воениот злосторник“ не може да ја докаже својата невиност без својата бранителка, главниот протагонист, чија желба за вистината и висока професионалност ја носи до непредвидливи, опасни и авантуристички ситуации, а сè со цел да ја докаже вистината. Еден од спасителите, подоцна канонизиран за светец поради својата саможртвуваност за Бога, за правдината, за човештвото и за заедницата, ни открива една исконска дефиниција за меѓусеб- ното опстојување на христијанството и исламот на едно место: „Нашите вери се како две сестри. Мојата е постарата, а твојата помалата сестра. Тие патуваат заедно низ времето и целта им е да го направат општеството похумано и цивилизарано. Замисли какво би било човештвото без нив!? Дивјаштво или воопшто не би постоело.“ Преку откривањето на доказите во корист на одбраната, бранителката открива сосема поинакви односи во кои се наоѓале балканските народи за време на војните во изминатото столетие, а кои односи датираат со векови наназад. Се работи пред се за меѓусебните човечки односи кои традиционално се негувале, а кои како резултат на нечии надворешни интереси и внатрешни политики, се повеќе ги немаме: „Што е тоа беса?“ „Тоа е завет, чесен збор. Тоа е дел од традицијата и културата на живеење на Албанците. Тоа е светост за нас! Само смрт може да го спречи да не ја изврши.“ Романот зборува за човековите мани и страданија, таги и гревови, а наспроти нив и за човековото покајание, љубов, пре- даност, чесност и доверливост. А не ги изостава ни сегашните политички состојби и некои од задкулисните игри кои го спречуваат развојот на нашите општества: „Заспав размислувајќи за раскошот на мафијата и на дел од државните функционери, наспроти сиромаштијата и корупцијата на балканските држави. Заклучив дека тој чуден спој ги осиромашува и ги прави зависни граѓаните од државата.“ За да ужива во деталите, описите, настаните и за да ја открие пораката на овој роман, освен со отворени очи, читателот мора да го чита со отворен ум и со отворено срце, бидејќи прашања- та кои се отвараат не се така површни, за нив нема претходно дадени одговори и вредни се за размислување и за дебата во општеството. Романот е лесен за читање, а описите на луѓето, местата и состојбите се толку реални, што го влечат читателот да чита сè повеќе и повеќе. Дури и филмовите снимени на темава, го нема- ат овој заплет кој така цврсто го задржува вниманието на пуб- ликата. Авторот покажува високо познавање на историските и политичките настани кои ги одбележуваат последните стотина години во Балканот, Европа и Африка, но исто така и на моменталните случувања. И, како да сака да ни каже: Ако сакате да го дознаете клучот на мирот, помирувањето, соживотот и про- гресот, на страна од политиката! Свртете се кон себе си, поба- рајте ја вината во вас самите, во отуѓувањето од ближниот, во исчезнувањето на човечноста. А што е човекот без човечност, без емпатија и без љубов, освен суров ѕвер, лесно поводлив од надворешните интереси за конфликт и уназаденост на регионот? Затоа мирот се гради прво во нас самите, поединечно, а потоа кон нашите ближни - роднини, пријатели и соседи, за на крајот да се отслика во општеството.“

За третиот, последен роман, „Раѓањето на Илија“, рецензентот Магде Ангова со своето остро перо во својот литературен осврт ќе напише:
„Во романот „Раѓањето на Илија“, авторот ткае таписерија од испреплетени судбини, кармички долгови кои чекаат на отплата и беседи за сложените чувства кога станува збор за љубовта. Љубовта кон партнерот, исконската желба жената да се оствари како мајка, но и за чудното чувство на поврзаност со претците, кои иако никогаш не сме ги запознале, нешто магично не влече да дознаеме повеќе за нив, за нивните животи и судбини. Поставен на позадината на културната разновидност и духовното истражување, овој роман ги надминува границите на времето и системите на верување за да испорача длабока порака со чист и длабоко трогателен наратив. Во неговото јадро, „Раѓањето на Илија“ го истражува концептот на кармичките долгови, нагласувајќи ја меѓусебната поврзаност на дејствијата и последиците во текот на животот. Главната протагонистка Калина, се наоѓа себеси заплеткана во мрежа од минати дејства, принудена да се соочи со последиците од изборите направени од нејзините претци. Преку нејзиното патување на самооткривање и откупување, читателите се потсетуваат на моќта на простувањето и капацитетот за раст и трансформација. Централно место во наративот е процутот на љубовта помеѓу Калина и Мустафа, две млади индивидуи од различно верско потекло. Нивната врска служи како потресен потсетник за универзалната природа на љубовта, надминувајќи ги културните и религиозните граници. Како што се движат низ предизвиците што ги поставуваат општествените очекувања и семејниот притисок, нивната врска само зајакнува, служејќи како светилник на надеж и инспирација среде неволјата која како постојано да им е зад петици. Среде сложеноста на љубовта и кармичкото пресметување, „Раѓањето на Илија“ исто така навлегува во длабокото личното патување на Калина додека се бори со копнежот да стане мајка. Нејзината борба е прикажана со сурова искреност и емоционална длабочина, доловувајќи ја болката во срцето и издржливоста на оние кои копнеат по свое дете. Преку нејзините искуства, романот ги истражува темите на идентитетот, религијата, жртвувањето и трајната моќ на надежта во лицето на неизвесноста. Она што го издвојува романот „Раѓањето на Илија”е неговата способност беспрекорно да ги спои елементите на духовноста, романтиката и самооткривањето во волшебна и провоцирачка наративност. Зоран Стојаноски мајсторски изработува приказна што одекнува на повеќе нивоа, поканувајќи ги читателите да размислуваат за сопствените верувања и избори додека ги плени со приказна за љубов, искупување, отплаќање на долгови со чувства и вечната потрага по среќа и спокојство. Романот „Раѓањето на Илија“ е литературен скапоцен камен што ги надминува очекувањата. Со своите богато исцртани ликови, евокативна проза и тематска длабочина, тоа е роман што останува во мислите и срцето долго откако ќе се сврти последната страница.“
Издавањето на романите го помогнаа: Фондација „Заев- Едно општество за сите“, Струмица; Давор Миноски, Бања Лука, Република Српска; Адо Адемоски, Лиеж, Белгија; Драгиша Мицкоски, Суботица, Србија; Александар Силјаноски, Скопје. Со свои совети помогнаа Абдула Сејдини, Кичево; Јасмин Реџепи, Скопје; Кристина Симјаноска, Македонски Брод; Јулијана Величковска, Скопје, Јованчо Димовски, Скопје; д-р Спаско Ѓурчиноски, Македонски Брод; д-р Маја Петкоска, Кичево и д-р Сузана Јордановска, Доха, Катар.
Издавач на романите е ПНВ Публикации, Скопје.
ТАТКОВИНА
Татковино моја, што си ти? Дали си јаве или сон?
Татковино, ти си стара лулка на твоите чеда, првото млеко и прегратките топли од нашите мајки.
Ти си крвта на хероите кои паднаа за слободата твоја, на Илинден и АСНОМ и вечно ќе се помнат во земјата моја.
Ти си болка во сечии гради, аманет од прадедовците наши, да те чуваме и браниме од непријателите твои.
Татковино, ти си љубов во секое срце непокор и пламен што гори во секој од нас и гордост на секој Македонец прав.
Татковино моја, што си ти? Викни да слушнам, Да те видам, да те гушнам. Ех, татковино!
103
или Балада за Дервишка нива
Само што почна годината нова, а коложег студен ја распосла убавината своја, со радост го чекавме празникот голем, православен Божик, во Порече наше се истури бес, од душманот клет.
Не собраа нас, по пет-шест од секое село, зрели и умни што не сакавме да бидеме робови нивни. Мајките стари и љубените жени, плачеа по нас, кубеа коси, „Збогум!“ - ни велеа децата мили со погледот тажен и бистрите солзи.
И тргна колона долга по белиот пат,
слушавме како завиваат волци и острат заби на нас,
а ситниот снег и ветрот студен,
од миг во миг го прават чекорот бавен.
Поминуваме покрај други села,
„Коледе! Коледе!“ - се слуша детски вик,
прозборе тивко некој од нас - „Дојде Бадник!“
Чекоревме бавно, изморени и гладни, по ридот над Брод, а некој најде сила гласно да викне: „Каде не водат?“ Молчевме сите и одевме со смрзнати нозе, но одговор не доби од никој, а знам дека секој сонуваше буден за слободата на народот свој.
„Колона стој!“ - издаде наредба еден ѕвер, мислевме дека ќе земеме здив, но наместо тоа не поредија простум на полјанка една. „Стрелај!“- слушнавме сите и ја чекавме смртта со дигната глава, без плач и лелек за животот наш.
Удираа бајонети, пиштеа куршумите и кинеа месо, потече врела крв по снегот бел, паѓаа човечки тела ко трупови цели, а душманот наш го видов со едно око пред да испуштам здив, се смееше над нас, сто и тројца.
Проклети да сте до последен сите, ѕверови едни,
што убивте сто и три души,
си помислив за последен пат и затворив очи.
Само што почна годината нова,
а коложег студен ја распосла убавината своја,
се сеќава ветрот за смртта наша, за нас сто и тројца убиени од
„гнасна рака“.
(Песната е посветена на Колежот кај Дервишка нива, на Бадник 1916 година на 103 Македонци од страна на бугарската војска)