Википедија:Почетен курс (Форматирање)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Почетен курс   Уредување   Форматирање   Викиврски   Википроекти   Надворешни врски   Разговорни страници   Не заборавајте   Зачленување   Заклучок    

Задебелени и закосени букви[уреди извор]

  • Задебелeни букви - задебелениот фонт (болд) се добива со тоа што саканиот текст се става помеѓу шест симбола за апостроф (три од едната и три од другата страна на текстот), '''еве вака'''.
  • Закосени букви - закосениот фонт (италик) се добива со тоа што саканиот текст се става помеѓу четири симбола за апостроф (два од едната и два од другата страна на текстот), ''еве вака''.
Што внесувате Што добивате
''закосено'' закосено

'''задебелено'''

задебелено

'''''закосено и задебелено'''''

закосено и задебелено

Преку алатникот[уреди извор]

Полесна варијанта е да го обележите (селектирате) текстот којшто сакате да го задебелите/закосите и да стиснете на копче со задебелена буква А за задебелување или на копче со закосена буква А за закосување.

Слика 1: Прозорец за уредување заедно со алатникот за уредување. Обележани со црвено се копчињата за задебелување и закосување.

Каде да користите задебелен и закосен текст[уреди извор]

  • Статиите секогаш почнуваат со името на статијата напишано со задебелени букви, а потоа следува кратка дефиниција за поимот за кој се говори, како што е и вообичаено и во останатите печатени или електронски енциклопедии. На пример, статијата за Алберт Ајнштајн започнува вака:
Алберт Ајнштајн (Улм, 14 март 1879 – Принстон, 18 април 1955) бил германски теоретски физичар, најпознат по неговата теорија на релативноста и теоријата за масено-енергетска еквиваленција, E = mc2...
  • Со закосени букви се обележуваат зборови кои не се напишани на македонски јазик. Исто така се користи кога некој збор или фраза треба јасно да се истакне за да се разликува:
...во истата година филмот „Однесено со виорот“ (англиски: Gone With The Wind) бил номиниран за Оскар...
...автоматската работа на срцето е способноста тоа да се контрахира под дејството на импулсот што се создава во синусниот јазол, кој поради ова се нарекува уште и предводник на срцевиот ритам.

Разделување на текстот во пасуси (како на пример, овој пасус!)[уреди извор]

Посебните пасуси се добар начин да се подобри организацијата на една статија. Ако здогледате содржина на две различни теми во една статија (на пример, текст кој ја опишува географијата и текст кој ја опишува историјата на некое место), можете да ги разделите преку пасуси.

  • Насловите на пасусите се добиваат со вметнување на ==саканиот наслов== меѓу два симбола за еднаквост (два од едната и два од другата страна), но симболите мора да бидат на почетокот на редот.
  • Соодветните поднаслови се добиваат со ===три=== или ====четири==== симбола за еднаквост.
Што внесувате Што добивате

== Наслов ==

Наслов[уреди извор]

=== Поднаслов ===

Поднаслов[уреди извор]

==== Поднаслов на поднасловот ====

Поднаслов на поднасловот[уреди извор]


Испробајте го форматирањето во песокот!