Википедија:Почетен курс (песок за форматирање)

Од Википедија — слободната енциклопедија

БРУТО ДОМАШЕН ПРОИЗВОД[уреди извор]

БДП[уреди извор]

Бруто-домашниот производ (Gross Domestic Product – GDP) е централна и вонредно значајна макроекономска категорија. Со негова помош се мери вкупната економска активност на една земја. Бруто-домашниот производ претставува збир на вредноста на вкупно произведените финални добра и услуги на една земја во текот на една година. Дефиницијата содржи неколку битни одлики: 1. БДП е збир на вредноста на финалните добра и услуги. Таа вредност се изразува така што вкупните количини на добра и услуги се множат со нивните пазарни цени и всушност се добива вкупната пазарна вредност на ниво на цела економија. 2. БДП е мера на вкупно произведените добра и услуги. БДП ја одразува вредноста не само на материјалните добра кои задоволуваат чисто физички потреби (храна, облека, станови), туку и на бројните добра кои задоволуваат духовни потреби (книги, филмови, уметнички слики) како и сите услуги. 3. БДП е збир на вредноста на финалните добра и услуги. Во пресметување на БДП влегува само вредноста на финалните добра и услуги, а не и вредноста на интермедијарите (инпутите, суровините) 4. Станува збор за добра и услуги произведени во текот на една година. 5. БДП го вклучува само легалното производство. Во БДП не влегува вредноста на илегалните трансакции кои ја чинат сивата и црната економија. Во БДП не се опфаќа вредноста на производите и услугите создадени во рамките на домаќинствата и наменети за членовите на домаќинствата затоа што тие не добиваат своја валоризација преку механизмот на пазарот и не се врзани за никаква финансиска трансакција.

Методи на пресметка на бруто-домашниот производ[уреди извор]

Постојат два основни метода за пресметување на БДП: • БДП како збир на вредноста на финалните добра и услуги • БДП како збир на трошоците за ангажираните фактори (инпути) на производство БДП како збир на вредноста на финалните добра и услуги – корисно е да се постави прашањето кој се троши финални добра и услуги? ФиналнНето и добра и услуги користат четирите сектори во економијата: секторот на домаќинствата (C), секторот на претпријатијата (I), државниот сектор односно буџетот (G) и надворешно-трговскиот сектор (X-M). Според тоа: GDP = C + I + G + (X – M) БДП како збир на трошоците за ангажираните фактори (инпути) на производство – Претпријатијата ангажираат инпути, односно фактори на производство: труд, капитал, земја и претприемачи. Тие имаат своја цена: наемнина, камата, рента и профит. Ако ги сумираме вака направените трошоци од страна на претпријатијата, на ниво на вкупна економија, доаѓаме до категорија којашто економистите ја нарекуваат национален доход.

Национален доход = плати + камати + ренти + профит За од категоријата национален доход да стигнеме до БДП неопходно е предвид да се имаат уште две ставки: • Во продажните цени на добрата и услугите се содржани индиректни даноци (акцизи, ДДВ)

Нето национален доход = национален доход + индиректни даноци

• Нето националниот доход треба да го зголемиме за износот на амортизација (депрецијација)

БДП = нето национален доход + амортизација


Номинален и реален бруто-домашен производ[уреди извор]

Номиналниот бруто-домашен производ претставува вредност на вкупно произведените финални добра и услуги во економијата пресметан според тековни цени. Тековните цени меѓутоа го содржат и влијанието на инфлацијата во соодветната година. Пораст на номиналниот бруто-домашен производ во една земја може да биде резултат не само на порастот на произведените количини на финални добра и услуги во тековната година, туку и резутат на порастот на општото ниво на цени во економијата под дејство на инфлацијата. Доколку стапката на инфлација е повисока, сосема е можно да се случи номиналниот бруто-домашен производ да покажува пораст и во услови кога нивото на производство во тековната година се намалило во однос на претходната. Номиналниот бруто-домашен производ не ги одразува реалните промени во вкупниот аутпут на економијата. Затоа е неопходно да се пресмета т.н. реален бруто-домашен производ. Реалниот бруто-домашен производ претставува вредност на вкупно произведените финални добра и услуги во економијата искажана, пресметана, според постојани, константни цени. Реалниот бруто-домашен производ ги одразува промените во вкупниот аутпут на економијата кои се резултат само на промените на произведените количини на добра и услуги, а не резултат на промените на цените на добрата и услугите. Овој показател е ослободен од дејството на инфлацијата. Реалниот бруто-домашен производ се пресметува според константни, постојани цени, односно според цените од една претходно избрана, базна година. Реалниот бруто-домашен производ може да се пресмета и со GDP – дефлатор. GDP – дефлаторот ни го покажува нивото на цените во тековната година во однос на нивото на цените во претходната година. Нивото на цените, односно промените во општото ниво на цените, најчесто се мери преку индекси на цени. Најпознат таков индекс е индексот на потрошувачки цени (Consumer Price Index – CPI) БДП реален = БДП номинален / GDP дефлатор Со реалниот бруто-домашен производ се добива вистинскиот пораст на бруто-домашниот производ, како мера на вкупната економска активност на земјата.

Фактички (актуелен) и потенцијален бруто-домашен производ[уреди извор]

БДП ги покажува само краткорочните варирања, флуктации на БДП од година во година. Потенцијалниот БДП е показател за долгорочната тенденција на бруто-домашниот производ. Ни ги покажува вистинските производни можности во земјата. Кога економијата функционира на својот потенцијален БДП сите расположливи ресурси на земјата ефикасно се користат. Тогаш, сите фактори на производство се високоангажирани, високовработени и се остварува оптимален агрегатен аутпут. Затоа потенцијалниот БДП често се нарекува и бруто-домашен производ на ниво на полна вработеност. Потенцијалниот БДП не е максимален производ, максимален аутпут, туку се сведува на максимално одржлив производ, максимален обем на производство што една економија може да го осигура без да се наруши ценовната стабилност, без да се предизвика инфлација. Фактичкиот БДП постојано флуктуира, над и под потенцијалниот БДП. Разликата помеѓу фактичкиот и потенцијалниот БДП во текот на една годинасе нарекува GDP јаз (GDP gap). Кога фактичкиот БДП е над потенцијалниот, економијата е во фаза на експанзија којашто може да премине во висока и неконтролирана инфлација. Кога фактичкиот БДП е под потенцијалниот, економијата е во фаза на рецесија, која, ако долго трае и се продлабочува, може да премине во депресија. Движењето на фактичкиот БДП над и под потенцијалниот го одразува само цикличниот развој на економијата, односно ги одразува т.е економски или бизнис циклуси во економијата – замената на експанзијата со рецесија и обратно.